Bosch 18V-210 C GDR Cordless Impact Driver

User Manual - Page 195

For 18V-210.

PDF File Manual, 277 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 195
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (4) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (5).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отворање (5) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилкиКапацитет
Трајно светло 3× зелено60−100%
Трајно светло 2× зелено30−60%
Трајно светло 1× зелено5−30%
Трепкаво светло 1× зелено0−5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилкиКапацитет
Трајно светло 5× зелено80−100 %
Трајно светло 4× зелено60−80 %
Трајно светло 3× зелено40−60 %
Трајно светло 2× зелено20−40 %
Трајно светло 1× зелено5−20 %
Трепкаво светло 1× зелено0−5 %
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Промена на алат
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување (види сликиA – B)
GDR 18V-210 C / GDX 18V-210 C:
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
Bosch Power Tools1 609 92A 5TB | (06.05.2021)
Loading ...
Loading ...
Loading ...