Samsung SM-R885FZSAEUA Galaxy Watch4 Classic

User Manual - Page 366

For SM-R885FZSAEUA. Also, The document are for others Samsung models: SM-R860, SM-R870, SM-R880, SM-R890, SM-R865F, SM-R875F, SM-R885F, SM-R895F

PDF File Manual, 616 pages, Read Online | Download pdf file

SM-R885FZSAEUA photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
365
Внимание
Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања
и прописи, може да настанат повреди или оштетување на
имотот
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали. Вашиот уред може да
предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.
Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска опрема затоа
што може да предизвика пречки во нивната радиофреквенција
Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од 15 см до пејсмејкер,
затоа што уредот може да предизвика пречки во работата на пејсмејкерот.
За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете го Вашиот уред само на
спротивната страна на Вашето тело од пејсмејкерот.
Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го производителот на опремата
пред да го користите уредот за одредување дали опремата ќе биде под влијание на
радиофреквенцијата емитувана од уредот.
Во авион, користењето електронски уреди може да создаде пречки во електронските
навигациски инструменти на авионот. Следете ги правилата дадени од авиокомпанијата и
упатствата од персоналот на авионот. Во случаи кога е дозволено да го користите уредот,
користете го секогаш во авионски режим.
Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат неправилно заради
радиопречки од Вашиот уред. Контактирајте го производителот за повеќе информации.
Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа
Во спротивно може да дојде до оштетување на надворешноста на уредот или негово
неправилно функционирање.
Ако користите помагало за слух, контактирајте го производителот за инфорамции
околу радиопречки
Радиофреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки на одредени
помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте го производителот за да утврдите
дали Вашето помагало за слух ќе биде попречено од радиофреквенциите емитувани од
уредот.
Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што емитуваат
радиофреквенции, како што се звучни системи или радиокули
Радиофреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да функционира неправилно.
Loading ...
Loading ...
Loading ...