Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 139
Електричниот алат има 2 брусни листа, кои може
поединечно да се менуваат во зависност од
истрошеноста.
u Користете го електричниот алат само доколку се
монтирани двата брусни листа.
u Користете брусни листови со иста гранулација.
Брусниот лист (5) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (6), поставете го брусниот лист на
брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (5) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (6).
Може да користите брусни листови на Bosch-Delta-
брусилките.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Задача Гранулација
За обработка на сите материјали, како на пр.
дрво, боја, маса за полнење, лак, цврсто и
меко дрво, како и иверки и метал
40−180
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
грубо 40
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
средна 80, 120
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
фино 180
За завршни работи одн. полирање особено на метал и
камен, користете волнен филц/филц за полирање.
Во зависност од квалитетот на површината на делот што
се обработува, користете различни видови волнени
филцови одн. филцови за полирање.
Менување на основната брусна плоча
Испорачаната брусна плоча(6) се состои од два дела:
основна плоча и заменлива предна плоча. На предната
плоча има леплива лента и истата може да се замени. За
да ја извадите предната плоча, фатете ја за врвот и
извлечете ја.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
u Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Вклучување/исклучување
u Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, лизнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред
во позиција „I“.
За исклучување на електричниот алат, лизнете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад
во позиција „0“.
Приказ за наполнетост на батеријата/приказ за
преоптоварување
Приказот за наполнетост на батеријата/приказот за
преоптоварување(1) ја покажува состојбата на
наполнетост на батеријата при вклучен електричен алат,
одн. ја сигнализира состојбата на преоптовареност.
LED светилки Капацитет
Трајно зелено светло ≥30%
Трајно црвено светло <30%
При процес на работа со зголемено оптоварување,
приказот за наполнетост на батеријата/приказот за
преоптоварување(1) трепка зелено. Ова покажува дека
електричниот алат работи со зголемен број на осцилации
и се вади повеќе материјал.
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При прејако оптоварување, приказот
за наполнетост на батеријата/приказот за
преоптоварување(1) трепка црвено околу 2s. При
подолго преоптоварување моторот запира постепено во
рок од 1s и приказот за наполнетост на батеријата/
приказот за преоптоварување (1) трепка црвено околу
5s.
При надминување на дозволената температура на
батеријата 70°C електрониката на електричниот алат
веднаш се исклучува, додека температурата не се врати
во оптималните граници на работна температура.
Приказот за наполнетост на батеријата/приказот за
преоптоварување (1) трепка црвено околу 5s.
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се
изгаси поради испразнети или прегреани батерии,
исклучете го со прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот
алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку
батеријата може да се оштети.
Заштита од длабоко празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
батеријата е испразнета електричниот алат се исклучува
со заштитен прекинувач: алатот за вметнување
престанува да се движи и приказот за наполнетост на
батеријата/приказот за преоптоварување (1) трепка
црвено околу 5 секунди.
Bosch Power Tools 1 609 92A 4N7 | (04.12.2018)
Loading ...
Loading ...
Loading ...