User Manual - Page 520

For GBB61PZHZN.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
24
MK
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да
биде комбинација од англиски букви и броеви.
(Не користете ги специјалните карактери)
Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот
телефон може да варира, во зависност
од мобилниот оперативен систем (OS) и
производителот.
Ако безбедносниот протокол на рутерот
е поставен на WEP, може да не успеете
во подесувањето на мрежата. Ве молиме
променете го на други безбедносни
протоколи (Се препорачува WPA2) и
повторно регистрирајте го производот.
Инсталирање на апликацијата
LG ThinQ
Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google
Play Store & Apple App Store преку вашиот
паметеб телефон.
Следете ги инструкциите за преземање и
инсталирање на апликацијата.
Поврзување со Wi-Fi
Кога го користите копчето Wi-Fi со апликацијата
LG ThinQ, апаратот може да се поврзе со
домашната Wi-Fi мрежа. Иконата го покажува
статусот на мрежната конекција на апаратот.
Иконата свети кога апаратот е поврзан со Wi-Fi
мрежата.
Првична регистрација на апаратот
Стартувајте ја LG ThinQ апликацијата и
следете ги инструкциите во апликацијата, за
да го регистрирате апаратот.
Повторно регистрирање на апаратот или
регистрирање на друг корисник
Притиснете и држете го копчето Wi-Fi
во траење од 3 секунди, за привремено
исклучување. Стартувајте ја LG ThinQ
апликацијата и следете ги инструкциите во
неа за да го регистрирате апаратот.
НАПОМЕНА
За да ја исклучите функцијата за Wi-Fi,
притиснете и држете го копчето Wi-Fi во
траење од 3 секунди. Иконата ќе се исклучи.
Известување за софтвер со
отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL,
LGPL, MPL и другите лиценци за отворен
изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата http://opensource.lge.com.
Покрај изворниот код, достапни за преземање
се и сите наведени одредби на лиценца,
одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на
CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за
таквото доставување (како на пр. трошоци за
медиумот, пратката и манипулативни трошоци)
по барање преку е-пошта на opensource@lge.
com. Оваа понуда е валидна во период од три
години по последната наша испорака на овој
производ. О
ваа понуда важи за секој примател
на овие информации.
Паметна дијагностика
Оваа функција е достапна само со моделите со
логото или .
Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате
или решите проблеми со вашиот апарат.
НАПОМЕНА
Од причини што не може да се препишат
како немарност на LGE, услугата може да
не работи поради надворешни фактори,
како што се, но неограничувајќи се на
недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi
конекцијата, политиката на продавницата
за апликации или недостапноста на
апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на
промена без претходна најава и може да има
поразлична форма во зависност од тоа каде
сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за
дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат
опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати
податоците за проблемот на паметен телефон
преку апликацијата LG ThinQ.
Вклучете ја апликацијата
LG ThinQ и изберете ја опцијата за
паметна дијагностика од менито. Следете ги
упатствата дадени во апликацијата LG ThinQ.
Loading ...
Loading ...
Loading ...