Bosch 06008A7972 High Pressure Washer EasyAquatak 120 (1500W, Home and Car Kit Included, Max. Flow Rate: 350l/h, in Cardboard Box) - Amazon Exclusive, Green, 37.5 cm*40.0 cm*20.0 cm

User Manual - Page 207

For 06008A7972.

PDF File Manual, 296 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 207
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Монтирајте го додатокот за равен млаз и
отстранете ја крупната валканштина.
Cамо при EasyAquatak 110/120:
Чекор 2: Монтирајте го садот за детергент и ставете
малку детергент.
Чекор 3: Исплакнете ја сета валканштина и детергент со
додатокот за равен млаз.
Совет: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре надолу.
Користење на алтернативни извори на вода
Оваа високопритисна пералка е самовсмукувачка и дава
можност за црпење вода од резервари и извори. Многу е
ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и заменет и да се
употребува само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој
се состои од:
Влезна цедилка со неповратен вентил
3м ојачано црево
Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи
вода од 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15
секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да
излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното
црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека
влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи со
отстранет пиштол, се додека водата не почне
рамномерно да тече од високопритисното црево. Ако
после 25   секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и
проверете ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја
високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и
пиштолот за употреба.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра
состојба, цврсто и правилно монтирани.
Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо
функционирање.
Резервари со чешми
Ако високопритисната пералка се поврзува со
резервоарот преку чешма, прво монтирајте го
соодветното црево на чешмата од резерварот (не е
приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе
целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото
во високопритисната пералка.
Отстранување грешки
ПроблемМожна причинаПомош
Моторот не се
вклучува
Уредот не е вклучен на струјаВклучете го уредот на струја
Утикачот е неисправенКористете друг утикач
Прегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Продолжниот кабел е оштетенПробајте без продолжен кабел
Активирана е заштитата на моторот од
прегревање
Оставете го моторот да се лади 15 min
ЗамрзнувањеПуштете да се одмрзнат пумпата, доводното
црево и останатите делови
Моторот престанува
со работа
Прегорен осигурувачЗаменете го осигурувачот
Погрешна волтажаПроверете на натписната плочка дали
волтажата на напојната мрежа е соодветна
Активирана е заштитата на моторот од
прегревање
Оставете го моторот да се лади 15 min
Прегорен осигурувачПреслаб осигурувачПоврзете ја високопритисната пералка на
електрично коло со соодветна јачина
Моторот работи, но
нема притисок
Млазницата е делумно запушена или заглавенаИсчистете ја млазницата
Се слуша дека
моторот работи, но
нема ниедна функција
Несоодветно снабдување со енергијаПроверете на натписната плочка дали
волтажата на напојната мрежа е соодветна.
Губење на напонот поради несоодветен
проболжен кабел
Проверете дали продолжниот кабел е
соодветен
Уредот не е користен долго времеОбратете се во овластен Бош сервис
Проблеми со автостоп функцијатаОбратете се во овластен Бош сервис
Bosch Power ToolsF 016 L94 123 | (27.01.2021)
Loading ...
Loading ...
Loading ...