Bosch 06008A7972 High Pressure Washer EasyAquatak 120 (1500W, Home and Car Kit Included, Max. Flow Rate: 350l/h, in Cardboard Box) - Amazon Exclusive, Green, 37.5 cm*40.0 cm*20.0 cm

User Manual - Page 202

For 06008A7972.

PDF File Manual, 296 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
202 | Македонски
на машината мора во потполност
да се чуваат.
Приклучок на вода
u Почитувајте ги важечките прописи
на Вашиот снабдевач.
u Сите приклучни црева мораат да
имаат соодветни непропусни
спојки.
u Доводното црево мора да биде со
минимална големина од 12,7mm
(1/2").
u Уредот никогаш не треба да се
користи споен директно на
водоводната мрежа без повратен
вентил. Водата што поминала низ
повратниот вентил повеќе не е
исправна за пиење.
u Високопритисното црево не смее
да се користи ако е оштетено
(опасност од пукање). Оштетеното
високопритисно црево мора
веднаш да се замени. Користете
само црева и спојки коишто ги
препорачува произведувачот на
уредот.
u Високопритисните црева, фитинзи
и спојки се важни за безбедно
ракување со уредот. Употребувајте
само црева, фитинзи и спојки
коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
u За напој користете само чиста или
филтрирана вода.
Примена
u Пред употреба проверете дали
уредот и дополнителната опрема
се во фунционална состојба и дали
се безбедни за употреба. Не
користете го уредот доколку не е
во одлична состојба.
u Не насочувајте го млазот кон себе
или кон други со цел за чистење на
облеката или обувките.
u Не користете го уредот со течни
растворувачи, неразредени
киселини, ацетон или други
средства како бензин,
разредувачи или горивна нафта,
бидејќи нивните испарувања се
лесно запалливи, експлозивни и
отровни.
u Доколку уредот се користи на
места со намалена безбедност (на
пример на нафтно
преточувалиште) следете ги
соодветните безбедносни мерки.
Употребата е забранета на места на
коишто постои опасност од
експлозија.
u Уредот мора да стои на цврста
подлога.
u При употреба во затворено
обезбедете доволна проветреност.
Пред секое чистење осигурајте се
дека уредот е исклучен (моторот
згаснат).
u Уредот се употребува држејќи го
со обете раце. Не работете на
скали. На балкони и други
издигнати површини работете така
да секогаш можете да ги видите
сите агли.
F 016 L94 123 | (27.01.2021)Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...