Bosch 0.600.8C1.E70 Grass Trimmer UniversalGrassCut 18-26 (1 battery, 18 Volt System, cutting diameter: 26cm, adjustable handles, in carton packaging)

User Manual - Page 341

For 0.600.8C1.E70.

PDF File Manual, 470 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 341
Цел на користењето Слика Страна
Монтирање на тркалото
F
462
Полнење и замена на батеријата
G
463
Вклучување/исклучување
H
463
Препорачани подесувања за
косење трева
I
464
Препорачани подесувања за
косење агли
J
465
Препорачани подесувања за
косење трева и поткастрување
грмушки
K
466
Отстранување на макарата
L
467
Извлекување на конецот од
макарата
M
468
Монтажа на макарата
N
469
Одржување, чистење и чување
O
469
Опрема
P
470
Монтажа
u Предупредување: Пред да го склопувате уредот,
исклучете го и извадете му ја батеријата.
Монтажа на заштитната хауба капак (види
слика C)
Туркајте ја заштитната хауба (5) на главата од тримерот
додека не слушнете клик. Прицврстете на заштитната
хауба (5) со завртката на главата од тримерот. Завртката
е при испораката веќе монтирана на долното куќиште.
Никогаш не користете го тримерот без монтирана
заштитна хауба (5). По успешна монтажа, заштитната
хауба (5) веќе не смее да се отстранува од тримерот.
Подесување на работната висина (види слика
D)
Притиснете го копчето (10) и подесете го тримерот на
саканата висина. Ослободете го копчето (10) .
Тримерот секогаш користете го со работна позиција,
никогаш со позиција за монтажа. Позицијата за монтажа е
онаа, кога тримерот е во потполност склопен. Внимавајте
при подесувањето на работната позиција механизмот за
подесување на висината да е во ред. Треба да се слушне
клик кога е механизмот во точната позиција.
Монтажа на рачката (види слика E)
Притиснете го копчето (7), склопете ја рачката (3) додека
не застане на место и ослободете го копчето (7) .
Внимавајте рачката (3) да е правилно монтирана. Не
притискајте ја рачката (3), додека ја монтирате.
Монтажа на тркалото (види слика F)
Монтирајте го тркалото (6) на главата од тримерот.
Внимавајте на правилното поставување на стрелките на
главата на тримерот. Внимавајте куката правилно да
влегува во жлебот. Свртете го тркалото (6) додека
рачката (11) не легне на своето место со чуен клик.
За отстранување, повлечете ја рачката (11) додека не се
ослободи тркалото и извадете го тркалото (6) во
спротивна насока.
Вклучување
u Предупредување: Пред да го прилагодувате или
чистите уредот, исклучете го и извадете му ја
батеријата.
Полнење на батеријата
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0°C до 35°C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При
празна батерија производот е опремен со заштита од
вклучување: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Редење/вадење на батеријата (види слика G)
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (2) . Проверете дали
батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (2) од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата (1) и извадете ја
батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата (2) е вметната во полначот (12).
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Bosch Power Tools F 016 L94 189 | (05.08.2021)
Loading ...
Loading ...
Loading ...