Bosch 0.600.8C1.E70 Grass Trimmer UniversalGrassCut 18-26 (1 battery, 18 Volt System, cutting diameter: 26cm, adjustable handles, in carton packaging)

User Manual - Page 332

For 0.600.8C1.E70.

PDF File Manual, 470 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
332 | Македонски
со заземјените електрични
алати. Неизменетите приклучоци
и соодветните приклучници го
намалуваат ризикот од струен
удар.
u Избегнувајте телесен контакт со
заземјени површини, како на
пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници.
Постои зголемен ризик од струен
удар ако вашето тело е заземјено.
u Не ги изложувајте електричните
алати на дожд или влажни
услови. Ако влезе вода во
електричниот алат, ќе се зголеми
ризикот од струен удар.
u Не постапувајте несоодветно со
кабелот. Никогаш не го
користете кабелот за носење,
влечење или исклучување од
струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од
оган, масло, остри ивици или
подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар.
u При работа со електричен алат
на отворено, користете
продолжен кабел соодветен за
надворешна употреба.
Користењето на кабел соодветен
за надворешна употреба го
намалува ризикот од струен удар.
u Ако мора да работите со
електричен алат на влажно
место, користете заштитен уред
за диференцијална струја (RCD).
Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
u Бидете внимателни, внимавајте
како работите и работете
разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако
сте уморни или под дејство на
дроги, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание додека
работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична
повреда.
u Користете лична заштитна
опрема. Секогаш носете
заштита за очи. Заштитната
опрема, како на пр., маска за
прашина, безбедносни чевли
коишто не се лизгаат, шлем или
заштита за уши, коишто се
користат за соодветни услови, ќе
доведат до намалување на лични
повреди.
u Спречете ненамерно
активирање. Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред
да го вклучите во струја и/или со
сетот на батерии, пред да го
земете или носите алатот.
Носење на електричните алати со
прстот позициониран на
прекинувачот или вклучување во
струја на електричните алати
чијшто прекинувачот е вклучен,
може да предизвика несреќа.
F 016 L94 189 | (05.08.2021) Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...