Samsung SM-R885FZKAEUA Galaxy Watch4 Classic 4G (42mm)

User Manual - Page 370

For SM-R885FZKAEUA. Also, The document are for others Samsung models: SM-R860, SM-R870, SM-R880, SM-R890, SM-R865F, SM-R875F, SM-R885F, SM-R895F

PDF File Manual, 616 pages, Read Online | Download pdf file

SM-R885FZKAEUA photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
369
Кога го носите уредот подолго време или правите вежби со висок интензитет додека го
носите, може да настане иритација на кожата поради некои одредени фактори, како што
се триење, притисок или влага. Ако го носите Вашиот уред подолго време, отстранете го од
Вашиот зглоб за некое време, за да ја одржите Вашата кожа здрава и да му дозволите на
Вашиот зглоб да се одмори.
Ако го прицврстите уредот премногу силно, може да дојде до воспаление на кожата, а ако
го прицврстите премногу лабаво, може да се јави триење.
Чувајте го уредот сув и чист за да избегнете воспаление на кожата.
Уредот се придржува до меѓународните безбедносни стандарди, но преземете ги сите
неопходните мерки на претпазливост ако Вашата кожа е преосетлива или имате алергија
на било какви материјали.
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното
работење.
Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање,
егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и
консултирајте се со Вашиот лекар.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание
Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето
возило се безбедно вградени.
Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во
делот за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да
предизвика сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот
Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.
Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може
да не функционираат.
Осигурете максимален век на траење на батеријата и полначот
По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да се
наполни пред употреба.
Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба.
Користете ја батеријата само за нејзината намена.
Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате најдолг работен век на Вашиот
уред и батеријата. Штетите или слабите перформанси предизвикани од неправилно
следење на предупредувањата и инструкциите, може да ја направи неважечка Вашата
гаранција.
Вашиот уред може да се истроши со текот на времето. Некои делови и поправки се
покриени со гаранцијата во период на важноста, но штетите или намалувањето на
квалитетот предизвикани од користење неодобрена дополнителна опрема не се.
Loading ...
Loading ...
Loading ...