Bosch 600853670 Garden Shredder AXT Rapid 2200

Original instructions - Page 155

For 600853670.

PDF File Manual, 203 pages, Read Online | Download pdf file

600853670 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 155
Bosch Power Tools F 016 L81 412 | (18.1.16)
Пред вклучувањето, уредот мора
да биде склопен правилно според
упатството.
За подобра безбедност користете
резидуален уред ЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Употребувајте само продолжни
кабли кои се предвидени за
надворешна употреба и заштитени
од вода.
Не допирајте го кабелот или
утикачот со мокри раце.
Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Додека ја користите машината, во
круг од најмалку 3 метри не треба
да има луѓе и животни. Ракувачот
на машината е одговорен за
безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Бош може да гарантира за работата
на уредот само доколку се
употребуваат оригинални резервни
делови и дополнителна опрема.
Запознајте се со упатството пред да
почнете да го употребувате уредот.
Не носете лабава облека,
вратоврски или други додатоци што
висат.
Уредот употребувајте го на
слободен простор (на пример, не
премногу блиску до ѕид или други
фиксни објекти) и на цврста, рамна
површина.
Не употребувајте го уредот на плочки
или песок. Исфрлениот материјал
може да предзвика повреда.
Прво проверете дали сите завртки,
навртки и други сврзувачки
елементи се безбедни и дали се
поставени сите заштитни капаци и
штитници. Заменете ги оштетените
и нечитките упатства и
предупредувања.
Пред употреба проверете дека
собирниот филтер е празен.
Вашите раце и тело чувајте ги
понастрана од собирниот филтер.
Особено внимавајте Вашите раце
или други делови на телото или
облеката да не дојдат до собирниот
филтер или отворот, или во нивна
близина.
Секогаш стојте стабилно и
одржувајте рамнотежа. Не
навалувајте се нанапред. Никогаш
не стојте на повисоко ниво од дното
на машината.
Кога косите, стоите што е можно
подалеку од косачката.
Особено внимавајте да нема
метални делови, камења, шишиња,
лименки и други слични материјали
кога машината работи.
Ако механизмот за сечење фати
предмет кој не може да се пресече,
прави невообичаени звуци или
почне да вибрира, веднаш згаснете
го уредот и почекајте да застане.
Исклучете го кабелот од
напојување и:
Проверете го сечилото.
Заменете ги или поправете ги
оштетените делови.
Loading ...
Loading ...
Loading ...