Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 85
Bosch Power Tools 1 609 92A 47K | (11.12.17)
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Не го чистете вшмукувачот со директно насочен
млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата мо
же да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Вшмукувачот е наменет за вшмукување и издувување на
материјали што не се опасни по здравјето и суви
материјали.
Вшмукувачот е наменет исклучиво за употреба во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за отклучување на комората за прав
2 Копче за вклучување-исклучување
3 Приказ за наполнетоста на батеријата
4 Батерија*
5 Куќиште на моторот
6 Комора за прав
7 Продолжна цевка
8 Држач за млазницата за фуги/четката
9 Четка
10 Млазница за фуги
11 Подна млазница
12 Преграда за батеријата
13 Копче за отклучување на батеријата
14 еластична продолжна цевка*
15 Филтер за груба нечистотиј
а
16 Филтер
17 Отвор
18 Дихтунг за филтерот
19 Држач за ѕид*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски вшмукувач за суви
материјали
EasyVac 12
Број на дел/артикл
3 603 CD0 0..
Волумен на контејнерот
(бруто)
l0,38
макс. потпритисок
kPa 5,3
макс. количина на проток
m
3
/min 1,2
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
кг 1,0
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа
*
и при
складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
PBA 10,8V ...
PBA 12V ...
Препорачани полначи
AL 11.. CV
граничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
OBJ_BUCH-2837-003.book Page 85 Monday, December 11, 2017 11:44 AM
Loading ...
Loading ...
Loading ...