User Manual - Page 172

For 06033D2100.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
172 | Македонски
1 609 92A 4BC | (09.08.2018) Bosch Power Tools
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во
моментот кога е во употреба. Ова може значително да го
намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слика A)
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отклучување (8) и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (3)
Индикаторот за состојба на батеријата на електричниот
алат се состои од три зелени LED светилки. Тој ја
покажува состојбата на батеријата неколку секунди по
вклучувањето и исклучувањето.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3 x зелено ≥ 66%
Трајно светло 2 x зелено 33 – 66%
Трајно светло 1 x зелено 11 – 33%
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10%
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна
температура од –30 до +65°C и/или реагира
заштитата од преоптоварување.
Избор на брусен лист
Изберете еден брусен лист со соодветна гранулација во согласност со површината што сакате да ја отстраните.
Брусните листови на Bosch се наменети за бои, дрво и метал.
Примена Примена Гранулац
ија
Отстранување
(грубо
брусење)
грубо отстранување на
материјали
отстранување на стари бои
брусење на стари бои, лакови и маса за
полнење
екстра
грубо
40
отстранување на тенки слоеви боја
претходно брусење на груби, неделкани
површини
грубо 60
Подготовка
(меѓубрусење)
лесно отстранување
брусење на површини за
понатамошна обработка
Израмнување на нерамнини
отстранување на трагите на обработка
при грубото брусење
средно 80
обновување на слоеви боја или лак фино 120
Фино брусење
меѓубрусење на лакирани
површини
брусење на грешки при
лакирање
отстранување на влакна од површината
фино брусење пред средства за
бајцување или лазура
многу
фино
180
брусење на основната боја пред
лакирање
екстра
фино
240
Loading ...
Loading ...
Loading ...