Loading ...
Loading ...
Loading ...
106
Ва ж н и у п аТс ТВ а з а б е з б е д н а у п О Т р е б а
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го избегнете ризикот од сериозна повреда при користењето на блендерот Vitamix®, треба да ги
следите основните мерки на претпазливост, вклучувајќи ги и следните. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА, БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ИПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРЕД ДА РАБОТИТЕ СО БЛЕНДЕРОТ.
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА УПОТРЕБА
Овој производ е наменет САМО ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО ДОМАЌИНСТВАТА и не е наменет да се користи за комерцијални
цели.
Не оставајте го блендерот Vitamix без надзор додека работи.
Секоја поправка, сервисирање или замена на делови мора да ја изврши Vitamix или овластен претставник за
сервисирање на Vitamix.
НАПОМЕНА: НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА КОИ БИЛО ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ И ВАЖНИТЕ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА
УПОТРЕБА ПРЕТСТАВУВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВАШИОТ БЛЕНДЕР VITAMIX КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОНИШТИ ГАРАНЦИЈАТА И ДА
ДОВЕДЕ ДО РИЗИК ОД СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да избегнете повреда.
Прочитајте го и разберете го упатството за употреба пред да
започнете со користење на апаратот.
Технологија – Блендерот, садовите и чашите комуницираат преку безжична технологија. Секој сад е програмиран да
работи на базата за оптимални резултати според неговата големина и функционалност.
Стари садови од Vitamix – Старите садови од Vitamix нема да работат со базата на блендерот Ascent. Стари апарати
се серијата C, серијата G и серијата S на Vitamix. За повеќе информации за производите на Vitamix, посетете ја vitamix.
com.
Копче за вклучување/исклучување (I/O) Копчето за вклучување/исклучување (I/O) се наоѓа на десната страна од
базата. Копчето за вклучување/исклучување го контролира напојувањето на апаратот.
Режим на мирување Блендерот ќе влезе во режим на мирување ако контролната табла не се користи 60 секунди.
Екранот ќе се затемни. За да излезете од режимот на мирување, свртете ја контролата за променлива брзина на
саканата брзина или програма за следното блендирање.
Откривање сад Три цртички (- - -) ќе се прикажат на контролната табла ако садот со прикачен капак не се наоѓа
на базата на блендерот. Штом ќе се стави сад со капак, на екранот ќе се прикаже 0:00. Блендерот нема да работи ако
нема ставено сад со капак.
Старт/Стоп ( I ) Запрете го блендерот во секое време со притискање Старт/Стоп ( I ) .
Контрола за променлива брзина Контролата за променлива брзина ви дава рачна контрола од променлива
брзина 1 (најбавна) до 10 (најбрза).
Пулсирање ( ) Кога ќе се притисне, сечилата ќе ротираат со брзината прикажана на контролната табла.
Екран Тајмерот ќе почне да брои нагоре кога се користи променлива брзина додека не се притисне копчето за
Старт/Стоп. Секој сад е програмиран со одредено максимално време на работа. Блендерот ќе се исклучи автоматски
кога ќе го достигне максималното време на работа.
ПрограмиИконите се наведени во рецептите на Vitamix. Блендерот ќе запре автоматски на крајот од програмата.
Програмите можат да се прекинат со притискање на Старт/Стоп во секое време. Времињата на програмите не можат
да се менуваат со функцијата за тајмер. Кога Старт/Стоп ќе се притисне додека работи некоја програма, блендерот ќе
запре, а времето на екранот ќе се ресетира на почеток. Ако контролата се стави на Мирување ( ), на екранот ќе се
прикаже 0:00.
Напитоци Замрзнати десерти Супи
Кодови за грешка Ако забележите код за грешка на екранот, запишете ги броевите што се покажуваат на екранот
по кодот за грешка. Повикајте ја Службата за корисници на Vitamix или продавачот за да ви помогнат да го решите
проблемот.
Мотор Моторот е направен да се заштити од прегревање. Ако блендерот не започне веднаш, проверете дали сте го вклучиле во штекер и дали копчето за вклучување/исклучување е поставено на
вклучување. Ако моторот се прегрее, оставете го да се излади околу 20-45 минути.
Совети за да спречите „преоптоварување“ на блендерот:
Обработувајте само рецепти од Vitamix додека учите да го користите блендерот.
Не обработувајте рецепти на помали брзини од препорачаните.
Не обработувајте рецепти на поголеми брзини од препорачаните.
Не обработувајте рецепти подолго од препорачаното.
Користете ја мешалката за да обработувате погусти мешавини и за да овозможите движење на состојките околу и низ сечилата.
Мешалка – Капаците и мешалките не може да се користат кај различни стилови, типови и големини на садови. Користете ја мешалката што била доставена со блендерот. Садот не смее да се полни
повеќе од две третини кога се користи мешалка. За да избегнете прегревање, НЕ користете ја мешалката подолго од 30 последователни секунди.
1. Прочитајте ги сите упатства.
2. Не користете го блендерот за други намени освен за таа за којашто е наменет.
3. Овој апарат не е наменет за употреба од или во близина на деца или лица со
намалени психички, сетилни или ментални способности или со недостаток на
искуство или знаење. Неопходен е непосреден надзор кога кој било блендер се
употребува од деца или немоќни лица, или во нивна близина. Децата треба да
бидат под надзор за да не си играат со блендерот.
4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете случајно вклучување, исклучете го уредот
иисклучете го кабелот од штекер кога не го користите, пред ставање или вадење
на деловите и пред чистење.
5. ВНИМАНИЕ: За да се избегне опасноста од случајно ресетирање на термалната
склопка, блендерот не смее да добива напојување преку надворешен уред-
прекинувач, како што е тајмер и не смее да биде поврзан на струјно коло што
редовно се вклучува и исклучува од апаратот.
6. За да се заштитите од ризик од струен удар, не ставајте ја базата на блендерот во
вода или во друга течност.
7. Секогаш проверувајте дали блендерот е ИСКЛУЧЕН пред да го вклучите
приклучокот во штекерот. За да го исклучите од штекерот, исклучете го блендерот
и извадете го приклучокот од штекерот.
8. Осветлените икони и бројки на контролната табла покажуваат дека блендерот
еподготвен за работа. Избегнувајте случаен контакт со екранот на допир.
9. Избегнувајте контакт со деловите што се движат.
10. Не ракувајте со ниту еден блендер кој има оштетен кабел или приклучок или
откако блендерот имал дефект, бил испуштен или оштетен на друг начин. Веднаш
контактирајте со Службата за корисници на Vitamix на телефонските броеви
1.800.848.2649 или 1.440.235.4840 или адресата на е-пошта [email protected] за
проверка, поправка, замена или приспособување. Ако е купен надвор од САД или
Канада, контактирајте со локалниот продавач на Vitamix.
11. Во кујната може да имате заштитни осигурувачи. Побарајте ги во штекерите во
близина на мијалниците. Ако блендерот не сака да работи, исклучете го. Ресетирајте
го штекерот или заштитниот осигурувач. Ако заштитниот осигурувач продолжи
да се исклучува, исклучете го блендерот од штекерот. Оставете го блендерот да
мирува 24 часа пред да се обидете да го користите повторно. Контактирајте со
Службата за корисници на Vitamix ако проблемот продолжи да се јавува.
12. Промената или измената на кој било дел или компонента од блендерот, вклучувајќи
и користење на кој било дел или делови што не се оригинални и одобрени од
Vitamix може да предизвика пожар, струен удар или повреда и ќе ја поништи
гаранцијата.
13. Употребата на додатоци што не се стриктно одобрени или продадени од Vitamix
за употреба со овој блендер, вклучувајќи и тегли за конзервирање, може да
предизвика пожар, струен удар или повреда. Тоа ќе ја поништи гаранцијата.
14. Не користете го надвор.
15. Не дозволувајте кабелот да виси преку работ од масата или пултот.
16. Не ставајте ги базата на моторот или садот на или во близина на топол шпорет на
гас или електричен шпорет, во или на загреана рерна.
17. Држете ги рацете и приборот надвор од садот додека блендирате за да го намалите
ризикот од повреда на лица или оштетување на блендерот. Може да се користи
гумена стругалка или шпатула, но само кога блендерот не работи.
18. Доставената мешалка мора да се користи само кога е ставен главниот дел од
капакот.
19. Сечилата се остри. Многу внимателно исчистете околу механизмот со сечило во
садот за да не се повредите. За да го намалите ризикот од повреда, никогаш не
поставувајте го механизмот со сечило на базата на моторот освен ако не е составен
со садот на Vitamix.
20. Треба да се внимава при работата со острите сечила, при празнењето на садот
ипри чистењето.
21. Не оставајте други предмети, како што се лажици, виљушки, ножеви или малиот
капак во садот затоа што тоа ќе ги оштети сечилата и другите делови при
стартувањето на блендерот и може да предизвика повреда.
22. Никогаш не обидувајте се да го вклучите блендерот со оштетени сечила.
23. Никогаш не обидувајте се да го вклучите блендерот без подлогата за центрирање.
24. Секогаш користете го блендерот со капакот и малиот капак поставени цврсто на
место. Отстранете го малиот капак само за да додадете состојки и да ја користите
мешалката.
25. НЕ отстранувајте го капакот кога сечилата ротираат. Отстранете го малиот капак
само за да додадете состојки и да ја користите мешалката. Ако капакот се отстрани
додека апаратот работи, базата на моторот ќе запре и нема да работи сè додека
капакот и малиот капак не се стават на садот.
26. НЕ оштетувајте го механизмот за затворање на капакот.
27. Не полнете ги садот од 64 унци (2 л), чашата од 20 унци (0,6 л) или садот од 8унци
(240мл) над означената линија за максимален капацитет за да избегнете ризик од
повреда поради оштетување на капакот и садот.
28. Бидете внимателни кога блендирате жешка течност или состојки во големиот сад од
64 унци (2 л) затоа што прскањето или пареата што излегува може да предизвикаат
изгореници. Секогаш почнувајте со обработка со најниска брзина, а контролата
за променлива брзина поставена на 1. Држете ги рацете и непокриената кожа
подалеку од отворот на капакот за да избегнете можни изгореници.
29. НЕ користете ја чашата од 20 унци (0,6 л) или од 8 унци (240 мл) за да загревате
состојки или за да блендирате жешки течности. Загреаните состојки и течности
може да создадат внатрешен притисок што може да доведе до распрснување на
садот и да предизвика повреда.
30. НЕ користете го апаратот без прекин подолго од 75 секунди кога блендирате со
чаша и основата на сечилата.
31. Ако чашата стане топла на допир, ако се замагли или ако излегува пареа од неа,
веднаш престанете со блендирањето на состојките и исклучете го блендерот или
извадете го кабелот од штекерот. Оставете ги чашата и состојките да се изладат до
собна температура пред да ја отстраните основата на сечилата.
32 НЕ користете ги чашите (ниту основата на сечилата или капаците) во микробранова
печка.
33. Кога правите путер од јаткасти плодови или мрсна храна, не обработувајте ја
подолго од една минута откако мешавината ќе започне да циркулира во садот.
Обработувањето подолго време може да предизвика опасно прегревање.
34. Уверете се дека садот или чашата и основата на сечилата се порамнети со подлогата
за центрирање за да бидете сигурни дека спојката со жлебови е прицврстена на
вртливата основа пред да го користите блендерот.
35. Не заборавајте да ја користите гумичката на основата на сечилата и да ја
прицврстите чашата правилно на основата на сечилата пред да блендирате.
36. Никогаш не ставајте ја основата на сечилата на основата на моторот без
прицврстена чаша.
37. Блендерот ќе се ресетира во случај на проблем со напојувањето и бројачот ќе
се ресетира на „0“. Ова е нормално однесување на овој блендер за да се избегне
опасност ако се користи според намената. Тајмерот е само за референца за
корисникот и не се смета за неопходна функција за работата на блендерот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Користете САМО заземјен штекер.
НЕ отстранувајте го заземјувањето.
НЕ користете адаптер.
НЕ користете продолжен кабел.
Секогаш исклучувајте го кабелот од струја кога ја чистите
базата на моторот или кога не го користите блендерот.
Не ставајте ја базата на моторот во вода или друга течност.
Непочитувањето на упатствата може да предизвика
смрт или струен удар.
Loading ...
Loading ...
Loading ...