Philips HI5910/20 Steam Generator Iron

User Manual - Page 65

For HI5910/20.

PDF File Manual, 70 pages, Read Online | Download pdf file

HI5910/20 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
67
Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате. За да постигнете најдобри резултати на
пеглање, по пеглањето со пареа последните потези направете ги без пареа.
Режим за автоматско исклучување
Одредени модели во оваа серија имаат режим за автоматско исклучување.
- За да се заштеди енергија, апаратот автоматски ќе се исклучи ако не го користите 5 минути. Индикаторот
„пеглата е подготвена” трепка.
- За повторно да го активирате апаратот, прекинувачот за вклучување/исклучување поставете го во положба
„исклучено“, а потоа во положба „вклучено“. Апаратот потоа ќе почне повторно да се загрева.
Чистење и одржување
Систем Smart Calc-Clean
Апаратот користи систем Smart Calc-Clean што овозможува редовно отстранување бигор и чистење. Тоа помага
во одржувањето силен млаз на пареа и спречува излегување на нечистотии и дамки од грејната плоча со текот
на времето. Генераторот за пареа редовно дава потсетници за да се изврши постапката за чистење.
Звучен и светлосен потсетник за Calc-Clean
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава звучен
сигнал што укажува на тоа дека е потребно да ја извршите постапката Calc-Clean (сл. 3).
Совет: можете да продолжите со суво пеглање така што нема да го притиснувате копчето за пареа.
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на генераторот за пареа од бигор: функцијата за пареа се
оневозможува ако не се изврши постапката за отстранување бигор. Откако ќе се изврши отстранувањето бигор,
функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на типот вода што се користи.
Забелешка: постапката Calc-Clean може да се изврши во секое време, дури и ако сè уште не се активирал
звучниот и светлосен потсетник.
Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean
Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор во текот на постапката Calc-Clean.
Внимание: немојте да ја прекинувате постапката со подигнување на пеглата од садот Calc-Clean, бидејќи од
грејната плоча ќе излезе врела вода и пареа.
1 Наполнете го резервоарот за вода до половина (сл. 4).
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН при постапката Calc-Clean.
2 Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна и стабилна површина.
3 Поставете ја пеглата стабилно на садот Calc-Clean (сл. 5).
Забелешка: садот Calc-Clean е наменет за собирање честички на бигор и врела вода во текот на постапката
Calc-Clean. Сосема безбедно е да ја оставите пеглата на овој сад во текот на целата постапка.
4 Притиснете го копчето Calc-Clean и задржете го 2 секунди сè додека не слушнете кратки звучни сигнали
(сл. 6).
5 Во текот на постапката Calc-Clean, ќе слушнете кратки звучни сигнали и звук на пумпање (сл. 7).
6 Кога ќе заврши постапката Calc-Clean, пеглата ќе престане да дава звучен сигнал и индикаторот CALC-CLEAN
ќе престане да трепка (сл. 8).
7 Избришете ја пеглата со парче ткаенина и вратете ја на базната станица (сл. 9).
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...