Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски 87
Упатство за температурите
Препорачана температура
Оптимално поставена температура за чување храна:
Фрижидер: 3 °C
ЗАБЕЛЕШКА
Оптималната поставка за температура за секоја преграда зависи од собната температура. Горните оптимални
температури се за собна температура од 25 °C.
Засилено ладење
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на вентилаторот. Фрижидерот ќе
продолжи да работи со максимална брзина во траење од два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната
температура.
ЗАБЕЛЕШКА
Кога ја користите функцијава, потрошувачката на струја на фрижидерот се зголемува. Не заборавајте да ја исклучите
кога не ви треба и да го вратите замрзнувачот на вашите првични поставки на температурата.
Како да се складира за најдобро чување (само за соодветните модели)
Покривајте ја храната за да се задржи влагата и за да не собира непријатни миризби од другата храна. Голем сад со
храна како супа или чорба треба да се подели на помали делови и да се стави во плитки садови пред да се стави во
фрижидерот. Големо парче месо или цела живина треба да се подели на помали делови или да се стави во плитки
садови пред да се стави во фрижидерот.
Распоредување на храната
Полици Полиците треба да се прилагодливи да собираат разни пакувања.
Посебни прегради
(само кај одредени модели)
Запечатените фиоки овозможуваат оптимална средина за чување овошје и
зеленчук. Зеленчуците сакаат повлажна средина, а овошјата помалку влажна.
Фиоките се опремени со контролни уреди за контролирање на нивото на
влажност. (*Зависно од моделот и опциите) Фиока за месо со прилагодлива
температура го максимизира времето за чување месо и сирење.
Чување на врата
Не чувајте расиплива храна на вратата. Јајца треба да се чуваат во картонот,
на полица. Температурата на корпите на вратата флуктуира повеќе отколку
температурата во внатрешноста. Држете ја вратата затворена колку е можно
повеќе.
Комора за замрзнување
Можете да чувате замрзната храна, да правите коцки мраз и да смрзнувате
свежа храна во комората за замрзнување.
ЗАБЕЛЕШКА
Замрзнувајте само свежа, неоштетена храна. Чувајте ја храната што треба да се замрзне подалеку од храната што е
веќе замрзната. За да се спречи губење на вкусот или сушење на храна, ставајте ја во херметички садови.
RR7000_RR_DA68-04283C-00.indb 87 2020-12-16  3:29:42
Loading ...
Loading ...
Loading ...