Bosch 06008B3101 Cordless Pruner UniversalChainPole 18 (without battery, 18 Volt System, in carton packaging)

Original Instructions - Page 257

For 06008B3101.

PDF File Manual, 369 pages, Read Online | Download pdf file

06008B3101 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 257
Bosch Power Tools F 016 L81 582 | (28.2.18)
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови кои може негативно да
влијаат врз функционирањето на моќниот алат. Ако
е оштетен, однесете го моќниот алат на поправка
пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани
заради несоодветно одржување на моќните алати.
Острете ги и чистете алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Моќниот алат, дополнителната опрема, деловите и
др., користете ги во согласност со ова упатство,
внимавајте на работните услови и работата која ја
вршите. Користењето на моќниот алат за други
активности од наменетите може да доведе до опасни
ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во неочекувани
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач кој е соодветен за еден тип
комплет со батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг комплет со батерии.
Моќните алати користете ги само со специјално
наменети комплети со батерии. Користењето на
други комплети со батерии може да предизвика
опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите комплетот со батерии, чувајте
го подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, метални пари, клучеви, шајки, завртки
или други помали метални предмети, кои може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој
на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритирање или изгореници.
Не употребува
јте комплет со батерии или алат кој е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот
на оган или висока температура. Изложувањето на
оган или температура над 130 °C може да предизвика
експлозија.
Следете ги сите инструкции за полнење и не го
полнете комплетот со батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Моќниот алат сервисирајте го кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни делови.
Со ова се обезбедува безбедно одржување на моќниот
алат.
Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба да
ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за телескопски пили
Сите делови од телото држете ги подалеку од
ланецот за сечење. Не пробувајте да отстраните
материјал додека пилата работи или да го држите
материјалот кој се сече. Осигурајте се дека
прекинувачот е исклучен и дека батеријата е
извадена пред да одглавувате заглавен материјал.
Момент на невнимание при употреба на телескопската
пила може да предизвика сериозна повреда.
Држете го уредот за изолираните рачки (главна
рачка 15, предна рачка 9 или продолжна рачка 12),
бидејќи ланецот за сечење може да допре скриени
кабли. Контактот на ланецот за сечење со жици под
напон може да ги доведе и другите метални делови на
уредот под напон и тоа да доведе до електричен удар.
Држете ја телескопската пила цврсто со двете раце и
телото и рацете држете ги во таква позиција, за да
можете да издржите повратен удар. Кога се
преземени потребните мерки, ракувачот може да ги
контролира повратните удари. Никогаш не пуштајте ја
телескопската пила.
Кога сечете гранка, сметајте на повратен удар. При
сечењето, гранката ќ
е се свитка надолу и може да го
потфати ланецот.
Секогаш носете ја телескопската пила исклучена,
држејќи ја со двете раце и со монтиран штитник на
ланецот за сечење. Внимателното ракување со пилата
ја намалува веројатноста да се дојде во контакт со
ланецот за сечење додека тој работи.
Не работете со телескопската пила стоејќи на дрво.
При употреба на пилата при качување или на дрво
постои опасност од повреда.
Секогаш одржувајте стабилност и користете ја
телескопската пила само кога стоите на сврста,
безбедна и рамна подлога. Лизгави или нестабилни
подлоги, како на пример скали, можат да предизвикаат
губење на рамнотежата или контролата врз
телескопската пила.
Применувајте ги упатствата за подмачкување,
затегнување на ланецот и замена на деловите.
Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец може
да се скине или да отскокне.
Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
замастувај
те. Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.
Сечете само дрво. Не користете ја телескопската
пила за работи за кои не е предвидена. На пример:
Не користете ја телескопската пила за сечење
OBJ_BUCH-3155-002.book Page 257 Wednesday, February 28, 2018 10:04 AM
Loading ...
Loading ...
Loading ...