Tesla Technology RH2000M1 Horizontal freezers

User manual - Page 24

For RH2000M1.

PDF File Manual, 52 pages, Read Online | Download pdf file

RH2000M1 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
24
MK
Значење на симболите на безбедносните предупредувања
Овие симболи укажуваат
на забранети ситуации
и ваквите постапки се
забранети. Непочитувањето
на овие упатства може да
резултира со оштетувања на
производот или загрозување
на личната безбедност на
корисникот.
Овие симболи укажуваат на
упатства кои е потребно да
се следат и истите мора во
потполност да се извршат во
согласност со барањата на
процесот. Нивното непочитување
може да предизвика оштетувања
на производот или загрозување на
личната безбедност на корисникот.
Овие симболи укажуваат на
прашања на кои треба да
се обрне внимание и овие
постапки треба особено да
се имаат предвид. Потребно
е преземање на неопходните
мерки на претпазливост,
инаку може да дојде до
помали или умерени повреди
и оштетувања на уредот.
Предупредувања во врска со електриката
Поврзани предупредувања за употреба
Не го извлекувајте приклучокот за напојување од штекерот со влечење на кабелот. Цврсто
фатете го приклучокот и директно извлечете го од штекер.
Како би овозможиле безбедна употреба, не го оштетувајте кабелот за напојување и не го
користете уредот ако кабелот е оштетен или истрошен.
Замената на истрошениот или оштетен кабел за напојување треба да ја изврши производителот
или овластен сервис за одржување.
Приклучокот за напојување треба да има добар контакт со штекерот; во спротивно, може
да дојде до пожар. Уверете се дека електродата за заземјување во штекерот е опремена со
доверлива линија за заземјување.
Доколку дојде до протекување на гас или други запаливи гасови, затворете го вентилот за гас
кој протекува, а потоа отворете ги вратата и прозорците. Не го исклучувајте фрижидерот или
другите електрични уреди од струја, бидејќи појавата на искри може да доведе до пожар.
Заради осигурување на безбедноста, не се препорачува поставување на регулатори, апарати за
готвење, микробранови печки и други уреди на горната површина на замрзнувачот, со исклучок
на уреди кои се препорачани од страна на производителот. Не користете електрични уреди во
рамки на просторот за храна.
Немојте произволно да го монтирате или демонтирате замрзнувачот, ниту да ја оштетувате
инсталацијата за циркулација на средството за ладење; одржувањето на уредот мора да го
изврши стручно лице.
Како би избегнале опасност, замената на оштетениот кабел за напојување мора да ја изврши
производителот, негов сервисер или слично стручно лице.
Растојанието меѓу вратата на уредот и меѓу вратата и телото на уредот е мала; не ставајте раце
во овој простор како би избегнале повреда на прстите. Вратата затворајте ја лесно како би
избегнале паѓање на предмети.
Како би избегнале смрзнатини, не земајте со влажни раце храна или садови од комората за
замрзнување во тек на работата на замрзнувачот; ова особено се однесува на металните садови.
Не допуштајте децата да влегуваат ниту да се качуваат врз замрзнувачот како би спречиле
затворање на децата во замрзнувачот или нивна повреда поради превртување на замрзнувачот.
Замрзнувачот немојте да го прскате ниту перете; уредот не го ставајте на влажни места
каде лесно може да дојде во контакт со вода, што би влијаело неповолно врз електричната
инсталација на замрзнувачот.
Не ставајте тешки предмети врз горната површина на замрзнувачот, бидејќи истите може да
паднат при отворање на вратата, што може да резултира со ненамерно повредување.
Во случај на прекин на струја или при чистење, извлечете го приклучокот од штекер. Не го
поврзувајте уредот на напојување во наредните пет минути како би спречиле оштетување на
компресорот поради последователни вклучувања.
Loading ...
Loading ...
Loading ...