Tesla Technology WF71231M Front-loading washing machines

User manual - Page 145

For WF71231M.

PDF File Manual, 288 pages, Read Online | Download pdf file

WF71231M photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
145
MK
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Внимателно прочитајте ги следниве безбедносни информации и строго придржувајте се за да се
минимизира ризикот од пожар или експлозија и струен удар и да се спречи материјална штета, лична
повреда или загуба на живот. Непридржувањето кон овие упатства ќе ја поништи секоја гаранција.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која,
доколку не се избегнува, може да резултира со опасни повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ!
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која
може да резултира со благи или полесни повреди или со штета по имотот и опкружувањето.
ЗАБЕЛЕШКА
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која
може да резултира со благи или полесни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Струен удар!
Доколку приклучниот кабел е оштетен, неговата замена мора да ја изврши производителот, сервис
ангажиран од него или лица со слични квалификации, како би се избегнала опасност.
Доколку машината е оштетена, не смее да се употребува се додека производителот, неговиот
овластен сервис или лица со слични квалификации не ја поправат.Ризик од струен удар!
Уредот може да го употребуваат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички,
сетилни и ментални способности,или лица без искуство и знаење доколку се под надзор или
доколку имаат добиено упатство за безбедносно употребување на уредот и доколку ја сватиле
опасноста која употребата на истиот ја носи. Деца не треба да си играат со уредот. Деца не треба
да обавуваат чистење и корисничко одржување на уредот без надзор.
Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со уредот.
Деца помали од 3 години потребно е да се држат подалеку од уредот или да бидат под постојан
надзор.
Животните и децата можат да се вовлечат во машината.Пред секоја употреба, проверете ја
внатрежноста на машината.
Не се качувајте на уредот и не седете на истиот.
МЕСТО НА ИНСТАЛИРАЊЕ И ОПКРУЖУВАЊЕ
Сите супстанции кои се користат за перење, како и дополнителните супстанции, треба да се чуваат
на безбедно место подалеку од дофат на децата.
Не ја поставувајте машината на под покриен со тепих.Тепихот може да ги блокира отворите и така
да ја оштети машината.
Чувајте го уредот што подалеку од извор на топлина и изложеност на директни сончеви здраци за
да спречите оштетување на пластичните и гумените делови.
Не го употребувајте уредот во влажна средина или во просторија во која е присутен експлозивен
или нагризувачки гас. Во случај на истекување или прскање на вода,оставете го уредот да се исуши
на отворено.
Уредот не треба да се поставува зад врата што може да се заклучи, лизгачка врата или врата со
шарата поставена на спротивната страна во однос на машината за перење.
Немојте да ја користите машината во просторија со температура пониска од 5°C, зошти така би
можело да се пштетат некои незини делови.Доколку е неизбежно да ја употребувате машната
во споменатите услови погрижете се после секоја употреба во целор да ја испуштите водата од
уредот(погледнете го делот „Одржување – Чистење на филтер на испусната пумпа“) за да спречите
оштетување кое би можело да настане по мрзнење.
Немојте никогаш да употребувате запаливи спрејови или супстанции во непосредна близина на
уредот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...