Tesla Technology RH2900H Horizontal freezers

User manual - Page 74

For RH2900H.

PDF File Manual, 114 pages, Read Online | Download pdf file

RH2900H photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
74
MK
Индикаторско светло за работа на уредот (интензивно
зелено): Вклучено светло = активен компресор; исклучено
светло = запрена работа на компресорот.
30 минути по последната операција индикаторското светло
ќе биде за половина послабо.
4.0 Функција за продолжување на работата.
Уредот автоматски ќе ја продолжи работата во режимот кој бил
подесен пред прекинот на струја.
5.0 Аларм на грешки на температурниот сензор
Доколку дојде до прекин на поврзаноста или ако настане
краток спој во рамките на температурниот сензор , лентата на
температурниот индикатор ќе трепка од лево на десно на секои
0,5 секунди, првземајќи ја функцијата на алармна грешка.
Секојдневна употреба
Замрзнување на свежа храна
Делот за замрзнување е погоден за замрзнување на свежа
храна и за чување на замрзната и длабока замрзната храна
долго време.
Ставете свежа храна во преградата на дното за да ја
замрзнете.
Максималната количина на храна што може да се замрзне
за период од 12 часа е прикажана на плочата за податоци на
уредот .
Процесот на замрзнување трае 12 часа: не ставајте
дополнителна храна за време на периодот на замрзнување.
Чување на замрзната храна
На почетокот на стартување или после период на употреба,
и пред да ги ставите производите во овој дел, поставете го
уредот на повисоки вредности и оставете го најмалку 2 часа.
Важно! Во случај на случајно одмрзнување, на пример, кога
има прекин на електричната енергија која трае подолго
од наведеното под ставка “ време на одговор” ( rising time
) во рамките на техничките карактеристики, потребно е
одмрзнатата храна да се потроши што е можно поскоро или
веднаш да се зготви, а потоа повторно да се замрзнат (по
готвењето ).
Одмрзнување
Пред употреба, храната која претрпела длабок процес на
замрзнување или замрзната храна може да се одмрзне во
фрижидер или на собна температура, во зависност од тоа
колку време имате за оваа постапка.
Мали парчиња храна дури може да се готват директно од
замрзнувачот додека се’ уште се замрзнати. Во овој случај,
процесот на готвење ќе биде подолг.
Корисни идеи и совети
Совети за замрзнување
Наведуваме неколку важни совети кои ќе ви помогнат да
извлечете максимум од процесот на замрзнување:
Максималната колчичина на храна која може да се замрзне
за период од 12 часа е дадена на плочката со податоци на
уредот ;
Процесот на замрзнување трае 12 часа. Не ставајте
дополнителна храна за време на периодот на замрзнување;
Замрзнете само храна со врвен квалитет што е свежа и
темелно исчистена;
Храната да се спакува во мали порции, за да се овозможи
брзо и целосно замрзнување, а потоа се одмрзнува само
потребната количина.
Завиткајте ја храната во алуминиумска фолија или
полиетилен и проверете дали пакетот е херметички
затворен;
Не дозволувајте свежата, замрзната храна да стапи во
контакт со веќе замрзната храна, и на тој начин ќе избегнете
покачување на температурата на замрзната храна;
Посната храна е полесна за чување и подолго се чува од
мрсна; солта го намалува рокот на траење на храната;
Ако се конзумира веднаш по отстранувањето од
замрзнувачот, мразот може потенцијално да предизвика
смрзнатини на кожата;
Се препорачува да се наведе датумот на замрзнување
на секое поединечно пакување, што ќе ви овозможи да
бидете во тек со периодот на чување на одредена храна во
замрзнувачот
Совети за чување на занрзната
храна
За најдобра работа на овој уред би требало да :
да се осигурате дека комерцијалната смрзната храна била
соодветно чувана во малопродажен објект;
да се осигурате дека замрзнатата храна во најкраток можен
временски период ќе се пренесе од продавницата за
прехранбени производи до замрзнувачот;
вратата на апаратот да не се отвора често или да не остане
отворена подолго отколку што е апсолутно неопходно.
да не се замрзнува повторно храната која е веќе еднаш
одмрзната бидејќи брзо се расипува.
Кога чувате храна, да не се надминува крајниот рок
определен од производителот на храна.
Чистење
Од хигиенски причини, потребно е редовно да се чисти
внатрешноста на апаратот, вклучително и внатрешните додатни
елементи .
ВНИМАНИЕ!
Внимание! Апаратот не смее да е поврзан во струја за време на
чистењето. Опасност од струен удар! Пред чистење, исклучете
го апаратот и исклучете го кабелот од штекер, или прекинете го
напојувањето од прекинувачот или осигурувачот. Никогаш не го
чистете уредот со средство за чистење на пареа. Влагата може
да се акумулира на електричните компоненти, предизвикувајќи
струен удар! Пареата може да предизвика оштетување на
пластичните елементи. Апаратот мора да биде сув пред да го
активирате повторно.
ВАЖНО! Есенцијалните масла и органски растворувачи
како што се сок од лимон, сок од кора од портокал, бутерова
киселина, средства за чистење на оцетна киселината може да ги
оштети пластичните елементи.
Не дозволувајте овие супстанции да стапат во контакт со
елементите на уредот.
Не користете абразивни средства за чистење.
Извадете ја храната од замрзнувачот. Чувајте ја така што ќе
биде добро покриена и на ладно место.
Исклучете го уредот и извадете го прекинувачот или
осигурувачот .
Апаратот и внатрешните додатни елементи исчистете ги со
крпа и млака вода. По чистењето, избришете ја со свежа вода
и исушете со крпа.
Кога сè ќе биде суво, повторно ставете го уредот во употреба.
Loading ...
Loading ...
Loading ...