Loading ...
Loading ...
Loading ...
29
MK
6. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е за кого било освен
за квалификувано лице да спроведе сервисирање
или поправка која вклучува отстранување на капакот
кој нуди заштита од изложување на микробрановата
енергија.
7. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и храната не смеат
да се загреваат во затворени садови бидејќи можат
да експлодираат.
8. При загревање на храната во пластични и хартиени
садови, внимавајте на рерната поради можност од
запаливост.
9. Користете само садови кои се погодни за употреба
во микробранови рерни.
10. Доколку забележите чад, угасете го или исклучете
го уредот од струја и држете ја затворена вратата од
рерната како би се угасил огнот.
11. Микробрановото загревање напитоци може да
доведе до одложено еруптивно зовривање, поради
што е потребно да водите сметка при ракување со
садовите.
12. За да избегнете изгореници, шишенцата и тегличките
со храна за деца треба да ги помешате или
протресете пред консумирање и да ја проверите
нивната температура.
13. Јајцата во лушпа и тврдо варените јајца не би
требало да се загреваат во микробрановата
рерна бидејќи може да експлодираат дури и по
завршување на загревањето во рерната.
14. Рерната би требало редовно да се чисти и да се
отстрануваат наслагите од храна.
15. Нередовното чистење на рерната може да доведе
до уништување на нејзината површина, што може
да го скрати нејзиниот век на траење и да доведе до
опасни ситуации.
Loading ...
Loading ...
Loading ...