User manual - Page 130

For WD461MX.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
130
MK
Долгите и/или остри парчиња прибор за јадење, од типот на ножеви за сечење, мора да се постават во
горната корпа, во хоризонтална положба.
Немојте претерано да ја оптоварувате машината за перење садови. Постојат добри причини за да го
следите овој совет, а една од нив е и разумната потрошувачка на енергија.
НАПОМЕНА!
Исклучително мали предмети не треба да перете во машината, бидејќи може лесно да испаднат од корпата.
Вадење на садовите
За да спречите капење вода од горната врз долната корпа, Ви препорачуваме најпрво да ја извадите
содржината на долната, а потоа на горната корпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Садовите се врели! За да не дојде до оштетувања, почекајте да поминат околу 15 минути од
завршување на програмата, па тогаш извадете ги чашите и приборот за јадење од машината.
Распоредување на садовите во горната корпа
Горната корпа е предвидена за поделикатни и полесни предмети, од
типот на чаши, шолји и тацни за кафе и чај, како и чинии, мали чинии и
плитки тави (ако не се премногу извалкани). Садовите и елементите за
готвење поставете ги така да не може да ги помести млазот вода.
Распоредување на садовите во долната корпа
Ви предлагаме во долната корпа да ги распоредите големите садови,
како и садовите кои најтешко се перат, од типот на тенџериња, тави,
капаци, сервисни садови и чинии, на начин прикажан на сликата.
Најдобро е сервисните садови и капаци да ги поставите странично на
полицата, за да не ја блокираат прскалката. Се советува пред садот за
детергент да не се ставаат чинии со пречник над 19 cm, за да се спречи
негово блокирање.
Распоредување на садовите во корпата за прибор за јадење
Приборот за јадење треба да се селектира во соодветната корпа, така што секој елемент ќе стои посебно,
на за него предвиденото место. Освен тоа, поведете сметка приборот да не биде прегусто групиран,
бидејќи тоа може да ја намали ефикасноста на машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не дозволувајте делови од садовите да провираат низ дното.
Остриот прибор секогаш поставувајте го со острите врвови надолу!
НАПОМЕНА!
За најдобар ефект при перењето, садовите распоредувајте ги во корпите во согласност со стандардните
начини на распоредување, наведени во последниот оддел на ДЕЛ I: Општо упатство.
Улогата на средствата за плакнење и детергентите
Средството за плакнење се испушта при последното плакнење со што би се спречило водата на Вашите
садови да формира капки, кои може да остават кружни или пругасти дамки. Освен тоа, ова средство го
подобрува сушењето бидејќи ѝ овозможува на водата да се лизне од садовите. Предвидено е во Вашата
машина за перење садови да се користат течни средства за плакнење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Во машината за перење садови ставајте само брендирани средства за плакнење. Никогаш не ставајте
други супстанци (пр. средство за чистење машини за перење садови, течен детергент) во садот за средство
за плакнење. На тој начин може да се оштети уредот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...