Loading ...
Loading ...
Loading ...
48
MK
Инсталација на работната површина
Извадете го сиот амбалажен материјал и додатоци.
Проверете дали има оштетувања на рерната, од типот
на гребнатини или оштетена врата. Не ја инсталирајте
печката доколку е оштетена.
Куќиште: Извадете ја заштитната фолија од површината
на куќиштето на микробрановата рерна. Не го
отстранувајте светлокафеавиот капак кој е прицврстен
за внатрешноста на рерната, а кој служи за заштита на
магнетронот.
1. Изберете рамна
површина со
доволен простор
за довод/одвод на
вентилацискиот
систем на рерната.
(1) Минимална
висина за вградување е 85cm.
(2) Уредот се поставува со задната страна до ѕид. Над
рерната оставете минимум 30cm слободен простор, а
потребно е најмалку 20cm помеѓу рерната и соседните
ѕидови.
(3) Не ги тргајте ножиците од дното на рерната.
(4) Блокирање на влезот и/или излезот за воздух може
да ја оштети рерната.
(5) Поставете ја рерната што подалеку од радио и ТВ
приемници. Работата на рерната може да предизвика
пречки во радискиот и телевизискиот прием.
2. Вклучете ја рерната во стандарден куќен струен
штекер. Напонот и фреквенцијата треба да одговараат
на напонот и фреквенцијата на рерната, наведени на
етикетата со технички податоци.
ИНСТАЛАЦИЈА
Loading ...
Loading ...
Loading ...