Loading ...
Loading ...
Loading ...
45
MK
Погледнете го упатството за „Материјалите кои може да
се користат во микробранова рерна или кои треба да
се избегнуваат“. Постојат одредени неметални садови
кои не се безбедни за употреба во микробранова рерна.
Доколку постои сомнеж, садовите може да ги тестирате
на долуопишаниот начин.
Тестирање на садовите:
1. Наполнете сад безбеден за употреба во
микробрановата рерна со 1 шолја ладна вода
(250ml), заедно со садот кој го тестирате.
2. Гответе на максимална сила 1 минута.
3. Внимателно опипајте го садот. Доколку празниот
сад е топол, не го користете за готвење во
микробрановата рерна.
4. Немојте да го пречекорите готвењето од 1 минута.
БЕЗБЕДНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА УПОТРЕБА
Сад Напомена
Сад кој служи
за печење на
јадење
Придржувајте се до упатствата на производителот. Дното
на садот мора да биде минимално 5 mm над чинијата
која се врти. Неисправната употреба може да предизвика
пукање на чинијата.
Сервис за
јадење
Исклучиво оној кој е погоден за употреба во
микробранова рерна. Придржувајте се до упатствата на
производителот. Не користете напукнати или оштетени
садови.
Стаклени тегли
Секогаш отстранувајте го капакот. Користете ги за
загревање додека храната не стане топла. Повеќето тегли
не се отпорни на топлина и може да пукнат.
Стаклени садови
Користете исклучиво огноотпорни стаклени садови.На
садовите не смее да има метални рабови. Не користете
напукнати или оштетени садови.
Ќеси за печење
во рерна
Придржувајте се до упатствата на производителот. Не
ги затворајте со метална врвка. Направете отвори за да
може да излегува пареата.
Хартиени чинии
и шолји
Користете ги исклучиво за краткотрајно готвење/
загревање. Не ги оставајте без надзор во текот на
готвењето.
Loading ...
Loading ...
Loading ...