User Manual - Page 599

For 55HK5600.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 5 -
ако се забележи Dolby Vision-содржина: Dolby Vi-
sion-светол и Dolby Vision-темен. Двете варијатни
му овозможуваат на корисникот да ја доживее
содржината како што наменил креаторот, во услови
на различна осветленост.
Додатоци достапни
Далечински управувач
Батерии: 2 x AAA
Упатство
Кратко упатство
Кабел за странична врска AV
Кабел за поврзување YPbPr
Известувања при режим на мирување
Ако ТВ-уредот не прими влезен сигнал (на пр. од
антена или извор HDMI) за 3 минути, ТВ-уредот
ќе оди во режим на мирување. При следното
вклучување на ТВ-уредот, ќе се прикаже следнава
порака: Телевизорот прејде автоматски во
режим на приправност затоа што немало никаква
активност подолг период..
Опцијата Автоматско гасење на ТВ-уредот (во
менито Поставки>Систем>Повеќе) може да се
постави стандардно на вредност помеѓу 1 и 8
часа. Ако оваа поставка се промени и телевизорот
е оставен вклучен и без да се управува со него
за време на поставеното време, тој ќе премине
во мирување по истекот на определеното време.
При следното вклучување на ТВ-уредот, ќе се
прикаже следнава порака:Телевизорот прејде
автоматски во режим на приправност затоа
што немало никаква активност подолг период.
Пред да се префрли ТВ-уредот во режим на
мирување, ќе се прикаже прозорец со дијалог.
Ако не притиснете копче ТВ-уредот ќе се префрли
во режим на мирување по чекање од 5 минути.
Може да селектирате Да и да притиснете ОК за
веднаш да го префрлите ТВ-уредот во режим на
мирување. Ако селектирате Не и притиснете ОК,
телевизорот ќе остане вклучен. Исто така може да
изберете да ја откажете функцијата Автоматско
исклучување на ТВ од овој дијалог. Селектирајте
Деактивирај и притиснете OK, ТВ-уредот ќе остане
вклучен и финкцијата ќе биде откажана. Може да ја
активирате повторно оваа функција ако ја смените
поставката на опцијата Автоматско искчучување
на ТВ од менито Поставки>Систем>Повеќе.
Контролните команди на ТВ-уредот и нивни
операции
P+
V+
V-
P-
Тв-уредот има команден стап, како што е прикажано
на цртежот погоре. Командниот стап ви дозволува
да ги контролирате функциите Јачина на звук/
програма/извор и вклучен режим на мирување на
ТВ-уредот.
Забелешка: Позицијата на командниот стап може да
се разликува во зависност од моделот.
преклопникот се користи за приклучување и
исклучување на телевизорот.
Забелешка: Позицијата на прекинувачот за струја може
да е различна во зависност од моделот.
За да ја смените јачината на звукот: Зголемете ја
јачината на звукот притискајќи го командниот стап
десно. Намалете ја јачината на звук притискајќи го
командниот стап лево.
За да го смените каналот: Листајте ги зачуваните
канали притискајќи го командниот стап нагоре или
надолу.
За да го смените изворот: Притиснете го
центарот на командната палка навнатре, ќе се
појави списокот на извори на екранот. Листајте ги
достапните извори притискајќи ја командната палка
нагоре или надолу.
Исклучување на ТВ-уредот: Притиснете го
центарот на командната палка навнатре и држете
го неколку секунди, ТВ-уредот ќе влезе во режим
на мирување.
За да го вклучите ТВ-уредот; Притиснете го
центарот на командната палка, ќе се вклучи ТВ-
уредот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...