Bosch 18V-120 GBL Professional Cordless Blower

User Manual - Page 120

For 18V-120.

PDF File Manual, 167 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
120 | Македонски
u Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
u Не употребувајте сет на батерии или алат што е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
u Следете ги сите упатства за полнење и не го
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
u Никогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за дувалката
u Не дувајте материјали штетни по здравјето, на пр.
прав од буково или дабово дрво, камен, азбест.
Овие материјали важат за канцерогени.
u Не дувајте течности. Навлегувањето на течности го
зголемува ризикот од електричен удар.
u Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат
повредени од исфрлените парчиња од производот.
u За време на работата држете ги прстите подалеку
од отворите на електричниот апарат. Користете ја
дувалката само со приклучена млазница.
Ротирачката дувалка може да Ве повреди.
u Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
u Не ги оставајте децата да го користат електричниот
алат без надзор. Тие може да се повредат.
u Носете дополнителна заштитна опрема како
заштитни очила и заштитна маска за дишење. Со
носењето на заштитна опрема за соодветните работни
услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.
 
u При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
u Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u Користете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за дување на материјали,
кои не се штетни по здравјето (на пр. струготини, метални
струготини, прав од камен итн.), коишто настануваат при
сечење, дупчење или брусење. Освен тоа може со
соодветна опрема да се издуваат отворите за дупчење.
Електричниот алат не е наменет за дување на топли,
запаливи или експлозивни материјали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Прекинувач за вклучување/исклучување со
избор на степени
(2)
Дршка
(3)
Батерија
a)
(4)
Отвор за воздух
(5)
Куќиште на моторот
(6)
Млазница
(7)
Копче за отворање на батеријата
(8)
Вдлабнатина за приклучок на опремата
1 609 92A 4YD | (30.03.2021) Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...