User Manual - Page 240

For 32HE1005.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 24 -
Систем - Содржина на менито за опции
Условен пристап Ги контролира модулите на условениот пристап кога се достапни.
Јазик Можете да поставите различен јазик во зависност од емитерот и од земјата.
Родителска заштита:
Внесете точна лозинка за да ги смените родителските поставки. Лесно можете да ги
приспособите клучот за менито, клучот за возраст, клучот за деца или Насоките
во ова мени. Можете и да поставите нов ПИН-број или да го смените стандардниот
CICAM ПИН-број со релевантните опции.
Забелешка: Некои пции може да не се достапни во зависност од изборот на
земјата при првата инсталација. Стандардната вредност на ПИН-бројот може
да се постави како 0000 или 1234. Ако имате избран ПИН (се бара во зависност
од изборот на земја) при првичното инсталирање користете го ПИН-бројот
што го имате избрано.
Датум/Време Ги подесува времето и датумот
Извори Уредете ги имињата, активирајте или деактивирајте ги избраните опции за извор
Пристапност
Ги прикажува опциите за пристапност на телевизорот.
За лица со
отежнат слух
Овозможува специјални одлики испратени од емитерот.
Звучен опис
За слепите или за лицата со оштетен вид ќе биде пуштена аудио-лента со нарација.
Притиснете OK за да ги видите достапните опции на менито Опис на аудио. Ова е
достапно само ако емитерот го поддржува.
Забелешка: Опцијата за звук на аудио описот нема да биде достапна при снимање
или тајмшифтинг.
Повеќе Ги прикажува сите опции за подесување на телевизорот.
Временско
исклучување на
менито
Го менува времетраењето на појавата на менито на екранот.
ЛЕД диода
Мирување
Ако е поставено на на Исклучено, нема да светне LED-индикаторот кога ТВ-уредот
е во режим на мирување
Надградба на
софтвер
Осигурува дека вашиот ТВ-уред го има најновиот системски софтвер. Притиснете
OK за да ги видите опциите на менито.
Верзија на
апликацијата
Ја прикажува моменталната верзија на софтверот.
Режим Преводи
Оваа опција се користи за да се избере кој режим на превод ќе се прикажува на
екран (ДВБ-превод/ТХТ-превод) ако и двата се достапни. Зададената вредност е
ДВБ-превод. Оваа функција е достапна само за опцијата за земјата Норвешка.
Автоматско
исклучување на
ТВ-уредот
Го поставува посакуваното време после кое телевизорот сам преминува во мирување
ако не се ракува со него. Поставката може да биде поставена од 1 до 8 часа во
чекори од 1 час. Може да ја деактивирате оваа опција ако ја поставите на Исклучено.
Копче Biss
BISS е систем на сателитско кодирање кој се користи за некои сигнали. Ако саката да
додадете BISS-клучи на емитување, можете да ја користите оваа поставка. Означете
го BISS-клучот и притиснете ОК за да ги внесете клучевите на посакуваниот емитер.
Режим
Продавница
Изберете го овој режим за прикажување во продавница. Додека режимот за
продавница е овозможен, некои ставки од ТV-менито може да не се достапни.
Режим
напојување
Оваа поставка ги конфигурира преференците за напојување. Активни се опциите
Последната состојба и Мирување.
CEC
Со оваа поставка можете целосно да ја овозможите или оневозможите СЕС-
функцијата. Притиснете го копчето за лево или десно за да ја овозможите или
оневозможите одликата.
Вклучено е
автоматско
напојување за
ЦЕЦ
Оваа фунцкија дозволува поврзаните уредите компатибилни со HDMI-CEC да го
вклучат ТВ-уредот и да се префрлат на неговиот влез автоматски. Притиснете го
копчето за лево или десно за да ја овозможите или оневозможите одликата.
Звучници
За да го слушате звукот на ТV-уредот од поврзаниот компатибилен аудио-уред,
поставете на Засилувач. Можете да го употребувате далечинскиот управувач на
вашиот ТВ-уред за да ја контролирате јачината на гласот на аудио-уредот.
OSS Прикажува информации за лиценцата на бесплатен софтвер.
Loading ...
Loading ...
Loading ...