User Manual - Page 512

For GBB61PZFFN.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
16
MK
Максимален капацитет на
замрзнување
Со функцијата за експресно замрзнување
го поставувате замрзнувачот да работи со
максималниот капацитет на замрзнување.
Обично потребни се до 24 часа за тоа, а
потоа функцијата автоматски се исклучува.
Ако е употребен максималниот капацитет
на замрзнување, мора да ја исклучите
функцијата за експресно замрзнување
седум часа пред да ставите свежа храна
во замрзнувачот.
Максимално чување
За да го подобрите циркулирањето на
воздухот, вметнете ги сите фиоки.
Ако треба да се складираат поголеми
количества храна, тогаш сите фиоки на
замрзнувачот треба да се извадат и
храната да се стави директно на полиците
на замрзнувачот, во
одделот на
замрзнувачот.
НАПОМЕНА
За да ги извадите сите фиоки, прво
извадете ја храната од нив. Потоа,
употребете ја рачката на фиоките за
внимателно да ги извлечете надвор. Тоа
може да предизвика повреда.
Формата на секоја фиока може да е
различна, затоа вметнете ги во
соодветната положба.
Ефикасно чување храна
Замрзнатата или оладената храна чувајте
ја во затворени садови.
Проверете го рокот на траење и етикетата
(упатства за чување) пред да ја ставите
храната во апаратот.
Не чувајте храна долг период (подолго од 4
недели), ако лесно се расипува при ниска
температура.
Ставете ја оладената или замрзната
та
храна во
фрижидерот или замрзнувачот
веднаш по купувањето.
Избегнувајте повторно замрзнување на
храна која е целосно одмрзната.
Повторното замрзнување на каква било
храна што е целосно одмрзната ќе го
влоши нејзиниот вкус и хранлива вредност.
Не чувајте зеленчук завиткан во весник.
Печатен материјал како весник или други
надворешни супстанции може да ја
контаминираат и расипат храната.
Не преполнувајте го уредот. Студениот
воздух не може да циркулира правилно ако
замрзнувачот е преполнет.
Ако подесите многу ниска температура,
храната може да замрзне. Не подесувајте
температура пониска од потребната
температура за правилно чување на
храната.
За повеќе простор, м
ож
ете да ја
отстраните полицата за шишиња, за јајца,
за мраз и фиоката за свежа храна.
Чувајте го свежото месо и риба во соодветни
садови во фрижидерот за да не дојдат во
контакт или да капат врз друга храна.
Loading ...
Loading ...
Loading ...