Bosch 3 600 HB8 000 Cordless Chainsaw UniversalChain 18 (battery 2.5 Ah, charger, SDS system, blade length: 200 mm, 18 Volt System, in carton packaging)

Original Instructions - Page 294

For 3 600 HB8 000.

PDF File Manual, 407 pages, Read Online | Download pdf file

3 600 HB8 000 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
294 | Македонски
F 016 L81 719 | (21.12.17) Bosch Power Tools
Сечење цепаници (види слики EH)
Кога сечете цепаници, применувајте ги следните
безбедносни упатства:
Цепаниците поставувајте ги така да не се сосем една до
друга, како на сликата, за ланецот да не се заглавува.
Пред сечење, поставете ги и прицврстете ги кратките
цепаници.
Сечете само дрво и дрвени предмети. При шетање,
секогаш внимавајте да избегнете контакт со камења,
шајки и слично, зошто пилата мож
е да ги отфрли, а
ланецот да се оштети, или да дојде до сериозна повреда на
ракувачот или околните лица.
Пилата што работи држете ја подалеку од огради и од
земјата.
Употребата на пилата за поткастрување гранки или
грмушки не е одобрена.
При подолгите резови мора да се обрне посебно
внимание, зошто нивелирањето со забецот 8 не е можно.
Сечете под прав агол за да избегнете отскокнување.
Кога работите на падина, работете над стеблото или
отстрана.
Внимавајте да не се сопнете на гранки, корења и слично.
Сечење затегнато дрво (види слика H)
Бидете исклучително внимателни кога сечете
затегнато дрво или гранки. Ваквата работа препуштете
ја на обучени професионалци. Постои голем ризик од
повреда.
Кога сечете цепаници прицврстени на двете страни,
почнете одгоре (Y) околу една третина во цепаницата, па
потоа завршете го резот оддолу (Z) за да избегнете
кинење на дрвото и заглавување на пилата. Избегнувајте
контакт со земјата.
Кога е цепаницата прицврстена само на еден крај, почнете
да сечете оддолу (Y) околу една третина во цепаницата, па
потоа завршете го резот одгоре (
Z) за да избегнете
кинење на дрвото и заглавување на пилата.
Сечење гранки (види слика I)
Секогаш носете заштитен шлем за да се заштитите
од гранки кои паѓаат.
Исечените гранки можат да паднат или да отскокнат
и со тоа да Ве повредат. Подолгите гранки сечете ги
парче по парче.
Пред гранката да е потполно пресечена, само лесно
притиснете. Можете да се повредите ако уредот
одненадеж падне надолу, а вие можете да изгубите
рамнотежа и контрола врз пилата.
Ланецот, пред да дојде во допир со дрвото, мора да работи
со полна брзина. Користете ја водилката за подобри
резултати при сечењето.
Сечењето одгоре надолу е погодно за гранки со дијаметар
до 5 цм. За да избегнете штета на дрвото, поцврстите
гранки сечете ги три реза. Водилката е дизајнирана за да
олесни сечењето на гранките.
При сечење, не притискајте со сила на пилата, туку
оста
вете ја сама да работи.
Најефикасно е сечењето кога брзината на ланецот е
рамномерна во тек на сечењето.
Соголување на стеблото (види слика J)
Под соголување се подразбира отстранување на гранките
од паднатото дрво. При соголувањето, оставете ги
поголемите, пониски гранки на коишто се потпира дрвото.
Отстранете ги помалите гранки со еден засек, како што е
прикажано на сликата. Потфатените треба да се сечат од
дното нагоре за да се избегне заглавување на пилата.
Парчење на стеглото (види слики KN)
Парчење е сечење на стеблото на трупци. Важно е да
стоите стабилно на обете нозе. Ако е можно, стеблото
треба да се поткрене и да се потпре со помош на гранки,
трупци или цепаници. Следете ги едноставните упатства за
лесно сечење. Следете ги едноставните упатства за лесно
сечење.
Кога стеблото е потпрено по целата своја должина, се сече
одгоре надолу.
Кога е потпрено само на еден крај, п
ресечете 1/3 во
дијаметар од долната страна, а потоа завршете го засекот
одгоре.
Кога стеблото е потпрено на двата краја, сечете 1/3 во
дијаметар одгоре, а потоа завршете го засекот оддолу.
Ако го распарчувате дрвото на падина, секогаш стојте од
горната страна на стеблото. На крајот на секој засек
престанете да нанесувате притисок врз пилата, сеуште
цврсто држејќи за дршките, за да одржите потполна
контрола «над пилата». Не дозволувајте ланецот да ја
доп
ре земјата. По завршувањето на засекот, почекајте
ланецот да застане пред да ја тргнете пилата. Секогаш
гаснете ја пилата кога се преместувате од едно до друго
дрво.
OBJ_BUCH-3472-001.book Page 294 Thursday, December 21, 2017 4:11 PM
Loading ...
Loading ...
Loading ...