Original Instruction - Page 233

For 06008B3070.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 233
Bosch Power Tools F 016 L81 577 | (28.9.17)
Електричните ножици секогаш носете ги за рачката,
и тоа само кога се исклучени. Кога ги пренесувате
или складирате електричните ножици секогаш
ставете ја заштитната футрола. Внимателното
ракување со машината го намалува ризикот од
повреда.
Пред да ја користите машината проверете да се
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
Дополнителни сигурносни напомени
Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени со
ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
При работа, држете го уредот за соодветните дршки
цврсто со двете раце и одржувајте стабилен став.
Уредот побезбедно се управува со две раце.
Секогаш носете го уредот со затворени сечила.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Додека ја користите машината, во круг од најмалку
3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината б
лизина.
Не користете ја машината кога во близина има животни,
луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
Никогаш не држете ја машината за сечилото.
Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги
шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
предмети.
Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или
истрошено сечилото, носачот на сечилото или
склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено
или истрошено сечило.
Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
Шишајте само по дневна светлина или под добро
осветлувањ
е.
Пред да почнете со шишање проверете да се
монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
При употреба на ножиците, стојте на безбедна
површина и одржувајте рамнотежа. Не користете го
уредот на скали.
Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за
евентуалните опасности кои не ги слушате поради
бучавата на машината.
Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
електричните ножици.
Ножиците за жива ограда
чувајте ги на суво, затворено
место, вон дофат на деца.
Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен
ако ја немате соодветната обука.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батериј
ата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
OBJ_BUCH-3148-001.book Page 233 Thursday, September 28, 2017 10:53 AM
Loading ...
Loading ...
Loading ...