Loading ...
Loading ...
Loading ...
82
MKD
ПРЕДУПРЕДУВАЊА И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Напомена: Прочитајте ги сите упатства пред да работите со комплетот. Чувајте ги упатствата
за подоцнежна употреба.
Прочитајте ги овие упатства – треба да ги прочитате сите упатства за употреба и безбедност
пред да го користите производот.
Чувајте ги упатствата – упатствата за употреба и безбедност треба да се зачуваат за идна
консултација.
Водете сметка за сите предупредувања – треба да се почитуваат сите предупредувања за
апаратот и тие од упатството за употреба.
Следете ги сите упатства – треба да се почитуваат сите упатства за работење и употреба.
Не користете го апаратот блиску до вода – Уредот не треба да се користи блиску до вода
или влага – на пример во влажна визба, до базен за пливање и слично.
Чистете само со сува крпа.
Не блокирајте ги отворите за проветрување. Инсталирајте според упатствата на
производителот.
Не инсталирајте во близина на извори на топлина, како што се радијатори, топлински
регистри, печки или други слични апарати (вклучувајќи засилувачи) што произведуваат
топлина.
Не компромитирајте ја безбедносната цел на поларизираниот приклучок или на
приклучокот за заземјување. Поларизираниот приклучок има две ленти од кои едната
е поширока од другата. Приклучокот за заземјување има две ленти и трет крак за
заземјување. Широката лента или кракот за заземјување е за ваша безбедност. Доколку
доставениот приклучок не се вклопува во отворот за излез, консултирајте се со електричар
за замена на застарениот отвор за излез.
Заштитете го струјниот кабел за да не се гази врз него или да се потфаќа во приклучоците и
на местото каде излегува од апаратот.
Користете само прилози/галантерија наведени од производителот.
Користете само со количка, статив, трипод, држач или маса наведени од
производителот или се продава заедно со апаратот. Кога се користи количка или
решетка, внимавајте кога ја поместувате количката или таа заедно со апаратот за да
се избегнат повреди од врвот на горниот дел.
Исклучете го апаратот кога грми или кога не се користи долго време.
Сервисирањето на сите делови нека го врши квалификуван персонал. Сервисирањето е
потребно кога е оштетен апаратот на некаков начин, како на пример, оштетен струен кабел
или струен приклучок, течност навлегла во апаратот или некој предмет паднал на апаратот,
бил изложен на дожд или влага, не работи нормално или паднал.
ВНИМАНИЕ: Овие упатства за сервисирање важат само за квалификуван сервисен
персонал. За да се намали ризикот од струен удар, не вршете сервисирање што не е
наведено во упатството за употреба, освен ако не сте квалификувани за таква работа.
Не инсталирајте ја опремава во стеснет простор или ѕиден плакар, како што се полици
за книги или слично место, туку треба да има добро проветрување на отворено место.
Проветрувањето не смее да се спречи со покривање на вентилациските отвори со
предмети, како што се весник, прекривки, завеси и слично
Прочитајте ги информациите на задниот дел во врска со информации за електриката и
безбедноста пред да го инсталирате или да работите со апаратот.
За да го намалите ризикот од пожар или струен удар, не изложувајте го апаратот на дожд
или влага.Апаратот не треба да се изложува на место каде што има капење или прскање и
на него не треба да се оставаат предмети полни со вода, како што се на пример вазни.
Терминалите означени со симболот "
" може да имаат доволна големина за да
претставуваат ризик од струен удар. Надворешните жици поврзани на терминалите треба
да ги инсталира обучено лице или да се искористат подготвени водови или кабли.
Loading ...
Loading ...
Loading ...