Tesla Technology WF61062M Front-loading washing machines

User manual - Page 86

For WF61062M.

PDF File Manual, 198 pages, Read Online | Download pdf file

WF61062M photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
86
MK
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Заради сопствена безбедност, придржувајте се до упатствата наведени во ова корисничко упатство.
На тој начин ризикот од пожар, експлозија или струен удар ќе го сведете на минимум и ќе спречите
штета по имотот, како и можност од повреди или губење на животот.
Појаснување на значењата на симболите:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која,
доколку не се избегнува, може да резултира со опасни повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ!
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која
може да резултира со благи или полесни повреди или со штета по имотот и опкружувањето.
ЗАБЕЛЕШКА
Оваа комбинација на симбол и сигнални зборови укажува на потенцијално опасна ситуација која
може да резултира со благи или полесни повреди.
Струен удар!
Доколку приклучниот кабел е оштетен, неговата замена мора да ја изврши производителот, сервис
ангажиран од него или лица со слични квалификации, како би се избегнала опасност.
Употребувајте го новиот комплет црева доставен со уредот. Не користете стари црева.
Пред секое одржување, уредот исклучете го од струја.
После секоја употреба, исклучете ја машината од струја и исклучете ја водата. Максимален влезен
притисок на водата во паскали. Минимален влезен притисок на водата во паскали.
Заради сопствена безбедност, приклучокот внесете го во заземјен штекер со три пола. Внимателно
проверете го штекерот и уверете се дека е адекватно и безбедно заземјен.
Уверете се дека приклучувањето на уредите кои користат вода го извршило квалификувано
техничко лице во согласност со упатствата на производителот и локалните безбедносни прописи.
Ризик по деца!
За земјите од англиско говорно подрачје: уредот може да го употребуваат деца постари од 8
години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без
искуство и знаење, доколку се под надзор или доколку добиле упатства за безбедна употреба на
уредот и ги сфаќаат опасностите од неговото користење. Децата не треба да си играат со уредот.
Децата не треба да вршат чистење и одржување на уредот без надзор.
Потребно е да се надгледуваат децата помлади од 3 години за да не си играат со уредот.
Животни и деца може да влезат во уредот. Пред употреба, проверете ја внатрешноста на
машината.
Потребно е да се надгледуваат децата за да не им се дозволи да си играат со уредот.
При работењето, стаклената врата може да биде многу топла. Држете ги децата и домашните
миленици подалеку од машината кога е вклучена. Машината немојте да ја поставувате во многу
влажни простории или простории со експлозивен или нагризувачки гас.
Пред употреба на уредот, отстранете ја комплетната амбалажа и транспортните шрафови. Во
спротивно, може да дојде до сериозни оштетувања.
По поставување на уредот, штекерот мора да биде достапен.
Ризик од експлозија!
Немојте да перете или сушите облека која претходно била чистена, перена, натопена или во контакт со
запаливи или експлозивни супстанци (како што се восок, масло, боја, бензин, одмастувачи, разредувачи
за хемиско чистење, керозин итн.). Во спротивно, постои опасност од пожар или експлозија.
Облеката најпрво темелно исперете ја рачно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Loading ...
Loading ...
Loading ...