Tesla Technology WF60831M Front-loading washing machines

User manual - Page 87

For WF60831M. Also, The document are for others Tesla Technology models: WF61032M, WF61062M

PDF File Manual, 198 pages, Read Online | Download pdf file

WF60831M photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
87
MK
ВНИМАНИЕ!
Поставување на производот!
Оваа машина за перење алишта е наменета исклучиво за употреба во затворен простор.
Не е предвидено да се употребува како вграден уред.
Отворите не смее да бидат блокирани од тепих.
Машината не би требало да се поставува во бањата или во многу влажни простории, како и во
простории со експлозивен или нагризувачки гас.
Машината со само еден влезен вентил може да се поврзе на довод со ладна вода. Производот со
два влезни вентила треба да се поврзе на правилен начин на довод со топла и ладна вода.
По поставување на уредот, штекерот мора да биде достапен.
Пред употреба на уредот, отстранете ја комплетната амбалажа и транспортните шрафови. Во
спротивно, може да дојде до сериозни оштетувања.
Ризик од оштетување на уредот!
Вашиот производ е предвиден исклучиво за куќна употреба и направен е исклучиво за материјали
кои можат да се перат машински.
Немојте да се качувате и да седите врз капакот од машината.
Не потпирајте се на вратата од машината.
Мерки на претпазливост при пренесување на машината:
1. Потребно е квалификувано лице да ги постави транспортните шрафови на машината.
2. Потребно е од машината да се испушти акумулираната вода.
3. Внимателно пренесувајте ја машината. Никогаш не ја подигајте машината така што ќе ја држите
за истурените делови. Вратата не смее да се користи како рачка при носењето.
4. Овој уред е тежок. Пренесувајте го внимателно.
Не користете прекумерна сила при затворање на вратата. Доколку вратата се затвора со тешкотии,
проверете дали облеката е добро поставена и распоредена.
Забрането е перење теписи.
Употреба на уредот!
Пред првото перење алишта, производот треба да се вклучи, со празен барабан, да мине низ сите
фази на комплетниот циклус.
Забранета е употреба на запаливи, експлозивни или токсични растворувачи. Бензин, алкохол и
слични производи не смее да се употребуваат како детергенти. Користете само детергенти за
машинско перење, а особено оние погодни за барабанот.
Уверете се дека џебовите на облеката се испразнети. Остри и крути предмети, од типот на монети,
брошеви, шајки, шрафови, камчиња итн., можат сериозно да ја оштетат машината.
Пред да ја отворите машината, проверете дали водата е испуштена од барабанот. Не ја отворајте
вратата доколку во барабанот има вода.
Водете сметка да не се изгорите кога производот исфрла врела вода.
Никогаш рачно не го дополнувајте производот со вода при перењето.
По завршување на програмите, почекајте две минути пред да ја отворите вратата
Пакување/Стари уреди
Оваа ознака укажува дека производот во EU не треба да се одложува заедно со друг отпад од
домаќинството. За да спречите потенцијална штета по животната средина или здравјето на луѓето,
настаната поради неконтролирано одложување на отпадот, одговорно рециклирајте го производот
како би ја промовирале одржливата повторна употреба на материјалните ресурси. За одложување на
употребениот уред користете ги системите за собирање отпад или контактирајте го малопродажниот
објект од каде сте го купиле производот. Тие Вашиот производ може да го преземат и рециклираат на
начин безбеден за животната средина.
Loading ...
Loading ...
Loading ...