Tesla Technology BO300MX Built-in ovens

User manual - Page 20

For BO300MX.

PDF File Manual, 34 pages, Read Online | Download pdf file

BO300MX photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
20
MK
БЛАГОДАРНОСТ
Ви благодариме што го купивте нашиот производ. Се надеваме дека ќе уживате во многуте функции
и погодности кои ги нуди. Пред употреба на производот, внимателно проучете го комплетното
Корисничко упатство. Сочувајте го ова корисничко упатство за идна употреба. Уверете се дека и
другите луѓе кои го користат овој производ се запознаени со ова упатство.
При првото вклучување на рерната, можно е да се почувствува непријатен мирис. Причина за тоа
е средството кое се користи за поврзување на изолационите панели во рерната. За да ја исчистите
нечистотијата од масло во печката, вклучете го новиот уред, празната печка, на стандардна програма
за печење од 250°C, во траење од 90 минути.
Потполно е нормално, во текот на првата употреба, да се појави малку дим и да се почувствуваат
мириси. Ако дојде до тоа, едноставно почекајте, пред ставањето храна во рерната, мирисот да
исчезне.
Не го поставувајте уредот во тесен простор.
Уредот и неговите достапни делови стануваат жешки во текот на употребата. Поведете сметка да не
ги допирате грејните елементи. Децата помлади од 8 години треба да се држат подалеку од уредот
освен ако не се под постојан надзор.
Ако површината е напукната, исклучете го уредот како би се избегнала можноста за појава на струен
удар.
Уредот можат да го употребуваат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички,
сетилни и ментални способности или лица без искуство и знаење, доколку се под надзор или доколку
имаат добиено упатство за безбедна употреба на уредот и ги сфаќаат опасностите кои ги носи
употребата на истиот. Децата не треба да си играат со уредот. Децата не треба да вршат чистење и
одржување на уредот без надзор.
Во текот на употребата уредот станува многу жежок. Поведете сметка да не ги допирате грејните
елементи во рерната.
Не дозволувајте деца да приоѓаат до рерната додека е во употреба, особено кога е вклучена
програмата за печење.
Пред замена на сијалиците во рерната, уверете се дека уредот е исклучен од струја како би избегнале
можност од појава на струен удар.
Прекинувачот мора да биде составен дел од фиксната електрична инсталација во согласност со
спецификациите за електрична инсталација.
Децата треба да бидат под надзор како не би играле со уредот.
Не е предвидено овој уред да го користат лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни
или ментални способности или лица без искуство и знаење, освен доколку се под надзор или доколку
добиле упатство за употреба на уредот од страна на лица кои се одговорни за нивната безбедност.
Достапните делови во текот на употребата можат да станат врели. Држете ги малите деца подалеку
од уредот.
Прекинувачот на сите полови на штекерот мора да биде составен дел од фиксната електрична
инсталација во согласност со правилата за електрична инсталација.
Доколку приклучниот кабел е оштетен, неговата замена мора да ја изврши произведувачот, сервисот
кој го има ангажирано произведувачот или лице со слични квалификации, како би се избегнала
опасност.
Не употребувајте остри абразивни средства за чистење или остри метални стругалки за чистење
на стаклените врати на рерната, бидејќи можат да ја изгребат површината, што може да доведе до
кршење на стаклото.
Немојте да користите чистач на пареа.
Не е предвидено со овој уред да се управува преку екстерен тајмер или засебен систем на
далечинска контрола.
Упатството за рерна со полици содржи детални податоци во кои се наведува како на исправен начин
да се постават полиците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Loading ...
Loading ...
Loading ...