Loading ...
Loading ...
Loading ...
32
MK
Симбол Опис на опција
Сијалица за рерната: Му овозможува на корисникот да ја следи постапката на
подготовка на храната без отворање на вратата. Сијалицата за рерна ќе свети при
употреба на сите опции за подготовка на храна, освен ЕКО функција.
Одмрзнување: Циркулирањето на воздухот на собна температура овозможува брзо
топење на замрзнатата храна (без какво било загревање). Ова претставува благ, но
брз начин за скратување на времето потребно за одмрзнување и растопување на
готови јадења, производи полни со крем итн.
Долен грејач: Грејачот скриен во дното на рерната емитува топлина. Оваа опција
главно се употребува за задржување на топлината на храната. Топлината може да се
прилагоди во опсег од 60 до 120°C. Претпоставената температура е 60°C.
Конвенционален начин за подготовка на храна: Горниот и долниот грејач се
истовремено вклучени како би се овозможил стандардниот начин за подготовка
на храна. Температурата може да се прилагоди во опсег од 50 до 250°C.
Претпоставената температура е 220°C.
Конвенционален начин за подготовка на храна со вентилатор: Комбинираната работа
на вентилаторот со работата на двата грејачи овозможува изложеност на храната на
воедначена температура, при што заштедата на енергија изнесува 30-40%. Јадењата
се благо испечени од надворешната страна, а остануваат сочни однатре. Напомена:
Оваа опција е погодна за печење големи количини храна на висока температура.
Температурата може да се прилагоди во опсег од 20 до 250°C. Претпоставената
температура е 220°C.
Рамномерно печење: Внатрешниот грејач за печење се вклучува и исклучува како би
се задржала дадената температура. Температурата може да се прилагоди во опсег од
180 до 240°C. Претпоставената температура е 210°C.
Двојно печење: Вклучени се внатрешниот грејач за печење и горниот грејач.
Температурата може да се прилагоди во опсег од 180 до 240°C. Претпоставената
температура е 210°C.
Двојно печење со вентилатор: Заедно со вентилаторот, вклучени се внатрешниот
грејач за печење и горниот грејач. Температурата може да се прилагоди во опсег од
180 до 240°C. Претпоставената температура е 210°C.
Конвекциски: Грејачот кој е сместен околу конвекцискиот вентилатор претставува
дополнителен извор на топлина за конвекциски начин на подготовка на храна. Во
конвекцискиот режим, вентилаторот се вклучува автоматски како би го зголемил
протокот на воздух во рерната на тој начин воедначувајќи ја температурата за
подготовка на храната. Температурата може да се прилагоди во опсег од 50 до 240°C.
Претпоставената температура е 180°C.
За заштеда на енергија за готвење. Гответе ги избраните состојки на нежен начин,
а топлината се одвива одозгора и оддолу.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Тастер за време Тастер за запирање
Тастер за потсетник Тастер за пуштање во работа
K1 K1
Loading ...
Loading ...
Loading ...