Hotpoint HA70BI 52 X Free-standing Refrigerator

User Manual - Page 26

For HA70BI 52 X.

PDF File Manual, 28 pages, Read Online | Download pdf file

HA70BI 52 X photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
ПОЛИЦА ЗА ШИШИЊА
ПРВА УПОТРЕБА
КАКО ДА ГО АКТИВИРАТЕ АПАРАТОТ
По приклучување на апаратот во струја, тој почнува
автоматски да работи. По стартување на апаратот,
почекајте најмалку 4-6 часа пред да ставите храна во
фрижидерот и во комората за замрзнување.
Кога апаратот е поврзан во струја, екранот се вклучува и
сите икони се појавуваат на екранот за околу 1 секунда.
Се вклучуваат функциите на стандардните (фабрички)
вредности на фрижидерот - комората за замрзнување.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ФУНКЦИИ
КОПЧЕ ЗА РАБОТА НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
За да ја регулирате температурата на комората за
замрзнување. Копчето се користи со копчето за SUPER
FREEZE
за вклучување/исклучување на производот со
притискање и задржување на двете копчиња 3 секунди.
ТЕМПЕРАТУРА НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
За да ја подесите Температурата на замрзнувачот,
притиснете го копчето за Работа на замрзнувачот °C.
Температурата на замрзнувачот може да се подеси од
-18°C до -26°C, како што е прикажано на LED светлата на
екранот за Температура на замрзнувачот.
SUPER FREEZE
Оваа функција се препорачува да се користи кога во
комората за замрзнување се става голема количина на
храна. За да ја активирате или деактивирате функцијата,
притиснете го копчето за SUPER FREEZE. Кога е активирана
функцијата Super Freeze, синиот индикатор се појавува на
екранот на замрзнувачот. По 24 часа ставете ја храната
во горната зона на комората за замрзнување. Функцијата
автоматски се исклучува по 48 часа, или може рачно да се
исклучи со притискање на копчето за Super Freeze °C.
ТЕМПЕРАТУРА НА ЛАДИЛНИКОТ
За да ја подесите Температурата на фрижидерот,
притиснете го копчето за Работа на фрижидерот °C.
Температурата на фрижидерот може да се подеси од +2°C
до +8°C, како што е прикажано на LED светлата на екранот
за Температура на фрижидерот.
SPEED COOL
Со користење на функцијата Speed Cool може да се подобри
ладењето во комората за ладење. Оваа функција се
препорачува да се користи кога во комората за ладење се
става голема количина на храна. Притиснете го копчето за
Speed Cool за да ја активирате функцијата Speed Cool. Кога
е активирана функцијата Speed Cool, синиот индикатор се
појавува на екранот на фрижидерот. Функцијата автоматски
се исклучува по 6 часа, или може рачно да се исклучи со
притискање на копчето за Speed Cool.
СВЕТЛО НА ЛАДИЛНИКОТ
Системот за осветлување во внатрешноста на комората
за ладење користи LED светилки, овозможувајќи подобро
осветлување како и ниска потрошувачка на енергија.
Доколку LED системот не работи, јавете се во Сервисната
мрежа за да го замените.
ПАМЕТЕН ЕКРАН
Оваа опционална функција може да се користи за
заштеда на енергија. За да го активирате Паметниот
екран, истовремено притиснете на копчињата
Fridge
°C и
Freezer °C и задржете ги 3 секунди додека не се
емитува звучен сигнал. За да ја деактивирате функцијата,
повторете ја истата постапка. Запомнете дека оваа
функција не го исклучува апаратот од струја, туку само ја
намалува енергијата што ја троши надворешниот екран.
ИНДИКАТОР ЗА ТЕМПЕРАТУРА*
Индикаторот за температура Ве известува дали
температурата во оваа комора е доволно ладна за чување
храна со зборот „ОК.
1. Проверете дали на индикаторот јасно ќе се појави
зборот ОК (види слика подолу).
2.
Доколку зборот „ОК“ не се појави, тоа значи дека
температурата е премногу висока: изберете пониска
За повеќе детали за функциите на апаратот разгледајте го Прирачникот
за користење и заштита / за повеќе информации како да го добиете
Прирачникот за користење и заштита разгледајте ја последната страница
Loading ...
Loading ...