Hitachi 58HL7200 TV UHD 4K Dolby Vision HDR SmarTVue

User Manual - Page 610

For 58HL7200.

PDF File Manual, 1060 pages, Read Online | Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 16 -
копчето ОК за да продолжите. Прво ќе се прикаже
менито Вид антена. По избирање на видот антена
и саканиот сателит во следните чекори, притиснете
ОК за да ги смените параметрите за инсталирање
на сателитот во подменито.
Почнете инсталација Fransat. Поставете го Видот
инсталација на Оператор, а потоа поставете го
Сателитскиот оператор како сооодветен оператор
Fransat. Притиснете го копчето ОК за да започне
инсталацијата Fransat. Можете да изберете
автоматска или мануелна инсталација.
Притиснете го копчето OK за да продолжите. Ќе се
направи инсталација Fransat и ќе бидат складирани
емитувањата (ако постои можност).
Ако го поставите Видот инсталација како
Стандарден, можете да продолжите со нормална
сателитска инсталација и да гледате сателтиски
канали.
Можете да почнете инсталација
Fransat кога било подоцна од менито
Поставки>Инсталација>Автоматско скенирање
канали> Сателит
За да ги пребарувате сателитските канали што
не се канали M7, треба да почнете стандардна
инсталација. Изберете Вид инсталација, па
Стандардна, а потоа притиснете го копчето ОК
за да продолжите. Прво ќе се прикаже менито
Вид антена.
Има три опции за избор на антена. Можете
да го изберете видот антена како директна,
сателитска-еднокабелска или DiSEqC-
прекинувачсо копчињата Лево или Десно. Откако
ќе го изберете видот антена, притиснете ОК
за да ги видите опциите за да продолжите. Ќе
бидат достапни опциите Продолжи, Список на
транспондери и Конфигурирај LNB. Може да ги
смените поставките за транспондерот и за LNB со
овие соодветните опции на менито.
Директна: Ако имате единствен приемник и
директна сателитска сферна антена, изберете го
овој вид антена. Притиснете ОК за да продолжите.
Изберете активиран сателит на следниот екран и
притисни ОК за да се скенираат услугите.
Сателитска-еднокабелска: Ако имате повеќе
приемници и сателитски-еднокабелски систем,
одберете го овој вид антена. Притиснете ОК за
да продолжите. Конфигурирајте ги поставките
следејќи ги упатствата на следниот екран.
Притиснете ОК за да ги скенирате сервисите.
DiSEqC-прекинувач: Ако имате повеќе
сателитски чинии и DiSEqC-прекинувач,
изберете го овој вид антена. Потоа поставете
ја верзијата DiSEqC и притиснете OK за да
продолжите. Може да поставите до четири
сателити (ако се достапни) за верзијата v1.0
и шеснаесет сателити за верзијата v1.1 на
следниот екран. Притиснете го копчето ОК за да
го скенирате првиот сателит на списокот.
Аналогно: Ако е вклучена опцијата за пребарување
аналогно емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
аналогни емитувања откако ќе се направат
иницијалните поставки.
Ќе се прикаже дијалог екран кој прашува за
активирање на родителската контрола. Ако
изберете Да, ќе се прикажат опциите за родителски
забрани. Конфигурирајте според желба и
притиснете ОК кога ќе завршите. Изберете Не и
притиснете OK за да продолжите ако не сакате да
ги активирате родителските забрани.
По завршувањето на иницијалните поставки,
ТV-уредот ќе почне да ги бара активираните
емитувања за избраните видови емитување.
Додека трае пребарувањето, тековните резултати
од скенирањето ќе се прикажат на дното на екранот.
По зачувувањето на сите активни станици, ќе се
прикаже менито Канали. Можете да го менувате
списокот канали според вашите претпочитувања
со опциите Уредиили притиснете го копчето Menu
за да прекинете и да гледате телевизија.
Додека трае потрагата, може да се појави порака
која прашува дали сакате да ги распоредите
каналите според ЛКБ (*). Изберете ДА и притиснете
на OK за да потврдите.
(*) ЛКБ е систем на логични броеви на канали што ги
организира достапните емитувања во согласност
со препознатлива секвенца броеви на канали (ако се
достапни).
Забелешки:
За пребарување канали M7 по првата инсталација,
треба да направите повторно прва инсталација.
Или притиснето копчето Menu и влезете во менито
Поставки>Инсталација>Автоматско скенирање
канали>Сателит. Потоа следете ги истите чекори
наведени подоре во делот за сателити.
Не исклучувајте го телевизорот при иницијализацијата
на првичната инсталација. Забележете дека може да
не се достапни истите опции во зависност од изборот
на земјата.
Користење на одликата Табела на
сателитски канали
Можете да ги извршите овие операции со
менито Поставки>Инсталација>Сателитски
поставки>Табела на сателитски канали. Има
две опции во однос на оваа одлика.
Можете да преземате или да поставувате податоци
од табелата сателиски канали. За да ги изведе овие
функции, мора да се поврзе УСБ-уред со ТВ-уредот.
Можете да поставите тековни услуги и соодветни
сателити и транспондери во ТВ-уредот на УСБ-
уред.
Loading ...
Loading ...
Loading ...