Loading ...
Loading ...
Loading ...
120
▪За чистење на површината на уредот не користете средства за
чистење со пареа, воден млаз, абразивни средства за чистење
или остри метални стругалки. Користете исклучиво неутрални
детергенти.
▪ Редовно чистете ги филтрите за маснотии (минимум еднаш на
два месеци) и отстранувајте ги масните наслаги од уредот за да
спречите опасност од
пожар.
▪За чистење на внатрешноста на уредот користете крпа или четка.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Инсталација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда,
електричен удар, изгореници или оштетувања на
уредот.
▪ Инсталирањето на уредот може да го врши
само квалификувано лице.
▪Не инсталирајте и не користете оштетен уред.
▪ Следете ги инструкциите за инсталирање
испорачани со уредот.
▪Со оглед на големата тежина на уредот,
секогаш при неговото преместување бидете
исклучително внимателни. Секогаш користете
заштитни ракавици и полни, тврди чевли.
▪ Пред да го инсталирате уредот, целосно
отпакувајте го и отстранете ги етикетите и
заштитната фолија.
▪Не го испуштајте воздухот низ отвор во ѕидот,
освен ако отворот не е дизајниран за таа
намена.
2.2 Приклучување во струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од пожар и
струен удар.
▪ Електричното поврзување треба да го
направи квалификуван електричар.
▪ Проверете дали параметрите на
табличката со податоци се во согласност со
карактеристиките на изворот на енергија.
▪Ако симболот ( ) не се наоѓа на табличката
со податоци, уредот мора да биде заземјен..
▪ Секогаш користете правилно инсталиран и
целосно изолиран приклучок.
▪Не оставајте кабелот за напојување да виси.
▪Не користете адаптери со повеќе приклучоци
или продолжни кабли.
▪Ако штекерот е лабав, не поврзувајте го
уредот со него.
▪Не исклучувајте го уредот со влечење на
кабелот за напојување. Секогаш исклучувајте
држејќи за приклучокот.
▪ Заради заштита од струен удар од деловите
под напон и изолираните делови мора да
се монтира така што ќе се спречи негово
расклопување без алатки.
▪ Осигурајте се дали уредот е правилно
инсталиран. Лабавиот и несоодветен кабел
за
напојување може да предизвика прегревање
на контактите.
▪ Уредот треба да се поврзе откако ќе се
инсталира. По инсталацијата осигурајте се
дали има достапен извор на енергија.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда,
изгореници и струен удар.
▪ Уредот е наменет само за готвење. Не
користете го уредот за цели различни од оние
што се наведени.
▪Не менувајте ги спецификациите на уредот.
▪Не користете го уредот со мокри раце или
кога сте во контакт со вода.
▪ Употребувајте исклучиво додатоци
испорачани со уредот.
▪За време на готвењето и пржењето, мастите
и маслата не смеат да дојдат во допир со
пламен или топли предмети.
▪Не користете непокриени решеткасти уреди
за готвење.
▪Не користете го уредот како простор за
чување на други предмети.
▪Не користете лупа, очила или други слични
оптички уреди за директно гледање на
изворот на светлина на уредот.
2.4 Сервисирање
▪За поправка на уредот, контактирајте го
овластениот сервисен центар.
▪ Користете само оригинални резервни делови.
Loading ...
Loading ...
Loading ...